Издаден вториот број на „Стрип алманахот“
Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го издаде вториот број на ревијата „Стрип Алманах“, со финансиска поддршка на министерството за култура. Станува збор за авторски сценаристички проект на Ване Трајков , според чии сценарија своите стрипови ги цртаа македонските автори Ненад Станчев, Милан Милиќ, Александар Цакоски, Џошкун Алиевски, Илчо Стојановски, Горан Мазнев и доајенот Миле Топуз.
Во стрип алманахот се застапени и автори од странство како што се Ања Тановиќ од Нови Сад и Сабахудин Мурановиќ-Муран од Босна и Херцеговина. Според авторот, ова издание докажува дека во Македонија има талентирана но не доволно мотивирана стрип сцена. Секој од застапените цртачи добива мал но суштински хонорар и праќа симболична порака, но сепак професионалноста на македонската стрип сцена подразбира обврски но и права на авторите.
Преку ова издание се омасовува македонската стрип сцена која ја надополнуваат и преку повеќе од 130 нови таленти. Тие ги поднесоа своите дела на ојавениот стрип конкурс за ученици од Македонија. Тие ќе учествуваат на неколку натпревари а завршната манифестација ќе се одржи на единаесетти месецов на базен „Плаја Виста „ во склоп на манифестацијата „Скопје кератива“./Д.С