Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Дваесет поети, членови на ДПМ од различни генерации,ќе бидат дел од Поетскиот караван кој ќе го посети Велес и ќе ја одбележи 73-годишнината од трагичната погибија на основоположникот на современата македонска литература Кочо Рацин.

Литературната средба ќе ја отвори Игор Крајчев, член на Собранискиот одбор на ДПМ, а потоа стихови ќе читаат поетите: Веле Смилевски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Раде Силјан, Кристина Николовска, Санде Стојчевски, Делвина Керлуку, Игор Крајчев, Димитар Пандев, Иван Чаповски, Сеида Бегановиќ, Иван Антоновски, Стојан Тарапуза, Братислав Ташковски, Павлина Климкар Меанџиева, Бранко Цветкоски, Борче Панов, Филип Клетников, Олга Панкина, Паскал Гилевски и Јовица Илиќ.

Поетите ќе изразат почит кон револуционерно и литературно дело на Кочо Рацин што е дел од најсветлите страници на македонската национална и културна историја.

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија во родниот град на Кочо Рацин ќе пристигне утре, 8 јуни, во библиотеката „Гоце Делчев“ по што во 12 часот ќе почне литературното читање.

Караванот е дел од проектот за дисперзија на културните вредности во државата со кој ДПМ им посветува должно внимание и почит на книжевните великани Константин Миладинов, Кочо Рацин, Ацо Караманов, Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Анте Поповски и Петре М. Андреевски./ У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново