Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Стихови на познати македонски поети се читаа денеска во градската библиотека Гоце Делчев во Велес. Дваесет поети, членови на Друштвото на писатели на Македонија беа дел од поетскиот караван што го посети и Велес. Повод за литературната средба е 73 годишнината од погибјето на еден од најголемите македонски поети Коста Солев Рацин. На средбата беа присутни писатели од повеќе генерации а почесен гостин беше и конзулот на Монголија во Р.Македонија Литов Намдагјанчивин.

„Овој поетски караван лани посети 20 градови во државата. Оваа година сме биле во уште неколку. Љубителите на пишаниот збор можат лично да ја слушнат поезијата на 20 многу реномирани и докажани поети ,секако тука денеска е и гостинот од Монголија“, рече претседателот на ДПМ Веле Смилевски.

„Друштвото на писетели по втор пат е во Велес на ваков настан. Првиот се случи во 2014 година. Лично сметам дека ова е допринес за ширењето на поезијата и прозата до сите граѓани“, рече директорот на локалната библиотека Игор Крајчев.

На литературната средба стихови читаа поетите Веле Смилевски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Раде Силјан, Кристина Николовска, Санде Стојчевски и други. Инаку настанот е дел од проектот „Дисперзија на културните вредности во земјата“ и се одржува само еден ден пред почетокот на 53-то издание на најголемата поетска манифестација „Рацинови средби“./Д:С

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново