Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Во Велес вечерва започнува 14 от Интернационален Стрип салон „Велес 2016“. Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи во Ликовниот салон, вечерва – петок, со почеток во 19 часот. Впрочем, овој објект во наредниот викенд ќе биде место каде своите остварувања ќе ги покажат стрип цртачи и автори од Македонија и од соседството. Вратите на манифестацијата Интернационален стрип салон се отворени и за граѓаните, вљубеници и почитувачи на стрип уметноста, велат организаторите.

Свеченоста ќе започне со доделување на наградите од овогодинешниот интернационален стрип конкурс. Наградата за првото место „Златен стрип“ ќе ја добие стрип цртачот Срѓан Николиќ – Пека од Лесковац, Србија кој е специјален гостин на културната манифестација заедно со Горан Трајковиќ стрип уметник од Рашка, Србија, потоа стрип цртачите Вилсон Хаксирај, Ендри Хаксхирај Ендриот,Ендриот Беко и Фатјон Алла од Албанија,стрип уметникот Александар Стеванов и други автори од Македонија.

Исто така на културниот оператор од Велес, Томе Трајков ќе му биде доделено годинешното признание за развој и афирмација на македонскиот стрип „Љупчо Филипов“.

Потоа ќе биде отворена изложбата на стрип дела од овогодинешниот интернационален стрип конкурс на која пристигнаа рекордни 254 стрипови на автори од сите континенти на земјината топка.

Најреномираната стрип манифестација во Македонија, во сабота на 15 и во недела на 16 октомври, продолжува со вообичаени промоции,практични работилници ,размена на искуства и други форми на соработка помеѓу присутните учесници и гости.

Она што организаторите годинава го воведуваат како новина што потоа ќе прерасне во традиционална содржина е проектот „ СКОПСКА СТРИП АКЦИЈА“. Станува збор за продолжување на манифестацијата, по нејзиното завршување во Велес, со тоа што дел од активностите повторно ќе се случат пред скопска публика. Така во понеделник на 17 октомври, специјалните гости на Интернационалниот Стрип салон ќе имаат промоција во Детскиот културен центар Карпош во Скопје која ќе започне во 12 часот. Оваа активност е финансирана од страна на град Скопје додека Интернационалниот Стрип салон „Велес 2016“ се одржува со финансиска помош на општина Велес и Министерството за култура на Република Македонија./У.Ј

 

 

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново