Претставата за деца „Мачорот во чизми“ на редовниот репертоар на велешки театар
Актерите на велешки театар во петок, на 11 ноември, повторно ќе ја изведат претставата за деца „Мачорот во чизми“. Таа е наменета за младите љубители на театарот кои досега немале можност да ја проследат претставата со почеток во 18 часот. Билети по цена од 50 денари ќе бидат пуштени во продажба на билетарницата на театарот.
Претставата е работена според истоимената приказна за деца на Шарл Перо, во драматизација на Катерина Момева и во режија на Деан Дамјановски. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимите на Катерина Чукниева, автор на музиката е Сашко Костоев, а кореографијата е на Маја Каревски.
Во претставата настапуваат актерите: Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски, Маја Љутков, Кети Борисовска, Самоил Стојановски, Александар Велјановски, Зорица Панчиќ, Драгана Босниќ, Слободанка Чичевска и Кица Ивковска.
Претставата „Мачорот во чизми“ е трета продукција од Годишната програма на театарот за 2016 година, поддржана од Министерството за култура на Р.Македонија. /У.Ј