Стрип Алманах – раздвижување на младата македонска стрип сцена
Излезе од печат третиот број на Стрип Алманахот како специјално издание на ревијата„Стрип Креатор“ или единственото постојано стрип списание во Македонија. Во најновото издание се објавени авторски сценарија на Александар Стеванов од Штип. Тој е млад и веке афирмиран сценарист, летерер,хроничар и дизајнер. Сценаријата ги пренесоа македонските цртачи: Дарко Богданов, Весна Ничевска, Мирко Бојаџиевски, Катерина Тери Николова како и Наташа Коњевиќ –гостинка од Босна и Херцеговина.
Според Стрип центар на Македонија ,издавањето на оваа ревија е конкретен обид за стимулирање и афирмирање на македонската стрип сцена.
– Секако треба да радува пројавениот талент и ентузијазам пред се кај млада генерација,во сите градови каде што делуваме како организација. Тој талент и потенцијал треба постојано да се негува, рекоа од Стрип центарот на Македонија
Стрип Алманахот е ревија во која цртаат македонски сценаристи и ќе цртаат македонски цртачи заедно со поединци, гости од соседните земји. Ревијата излегува со поддршка на Министерството за култура на Македонија./У.Ј