Мијак повторно со самостојна изложба во Aмерика
Академскиот сликар Александар Јовановски Мијак деновиве патува во Њујорк и Њу Џерси. Таму, пред американската публика Мијак повторно, по десетти пат, ќе отвори самостојна изложба.
Овојпат љубители на ликовната уметност ќе имаат можност да се запознаат со творештвото што Мијак го создаде во изминатите, година поточно година ипол.
Публиката ќе има можност да види дела од последниот творечки опус на уметникот.
Во рамките на претстојната посета на САД, познатиот македонски сликар има понуди за излагање и во уште неколку други американски градови.
По досега реализираните девет самостојни изложби во Америка, продадено уметничко дело на аукција во Њу Јорк и реализирани повеќе од дваесет самостојни изложби, дома и во странство, Мијак повторно ќе ја презентира македонската култура и уметност во светот. /У.Ј