Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Триесет и три годишниот Александар Стеванов од Штип е годинешен добитник на Признанието за развој и афирмација на македонската Стрип сцена именувано по прерано починатиот бард на македонската стрип сцена Љупчо Филипов.

Стрип центарот на Македонија - Велес, организатор на целокупната манифестација, ова признание го доделува на заслужни домашни дејци за развојот и афирмацијата на 9-та уметност. 

Во образложението на Стрип центарот се вели дека Александар Стеванов ,иако млад , е значаен афирматор на македонската стрип сцена преку бројни награди на стрип конкурси ,како на Интернационалниот стрип салон во Велес, така и во странство. Тој е прогласен за најдобар млад сценарист на Балканот, на Балканската смотра во Лесковац, Србија во 2005 година, предавач и промотер на стрип настани дома , пред се на пет дневната стрип работилница организирана во Американското катче во Штип како и поради неговото медиумско залагање преку уредувањето на поглавјето за стрип во интернет списанието „МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА“,објавени интервјуа во домашни и странски списанија „Нова Македонија“ , Balkan youth newsroom, Војводински стрип. Во неговото CV исто така ќе прочитате дека Стеванов ги изработува стриповските фонтови Ботин, Кокан, Горски, Топуз, со што во многу ја олесни работата на македонските стрип автори.

Во последно време Стеванов успешно се бави со дизајнирање на стрип списанија и книги , со новински текстови како и хронологија и историјат на македонската стрип сцена. Признанието ќе му се додели за време на одржување на 15 от Интернационален стрип салон во Велес, кој ќе се одржи од 13 до 15 .10.2017 во Велес.

Инаку, досегашни добитници на ова признание се: Миле Топуз- стрип автор, Диме Иванов Димано- стрип автор, Александар Сотировски –стрип автор, Ване Трајков -промотер, поранешната групација „Тајфа Арт“, Томислав Османли - стрип хроничар и сценарист, Дарко Марковиќ стрип цртач, Иванка Апостолова, автор и промотер, Киро Донев - директор на весникот „Млад Борец“, редакцијата „Детска радост“, Оливер Ромевски - стрип сценарист и промотер , Стрип книжарницата „Бункер“ ,„ОСТЕН“- Галерија и списание, како и Томе Трајков-промотер./У.Ј

Поврзани вести

 

Најново