Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Преку јавни дебати се гради нова четириодишна Национална стратегија за културен развој. Денеска по овој документ на министерството за култура се дебатираше во Кавадарци со сите засегнати страни.

Носењето на новата стратегија треба да помини низ неколку фази. Во првата фаза ќе се направи една посериозна деконтаминација на културниот простор кој што беше загаден од разни импровизации и манипулации, по што ќе следи финалниот документ, велат иницијаторите на стратегијата. Според нив начинот на јавно дебатирање е одлична шанса, затоа што во изминатите години културните работниции немаа ваква шанса да дадат свои предлози и идеи.

„Јавните дебати се организираат во осум плански региони во Република Македонија. Кавадарци е последен град. Дебатите во другите градови веќе ги исцрпивме. Целта е културните работници и општински чинители да дадат идеи, предлози, критики, мислења и да се добие сеопфатно мислење по стратегијата. Целта исто така е да се децентрализира преоцесот на одлучување и одлуките во културните политики да одат по оска од доле нагоре и да го промениме начинот на размислување во однос на градење културни политики во државата“ рече Јасмина Мазгалиева – претседател на здружението „Култ -Транзен и координатор на проектот „Партиципативна културна политика-нов модел на управување во културата. 

Проектот за јавни дебати се реализира во соработка со министерството за култура и со подршка на УСАИД.

Новата национална стратегија што се креира има стратешка цел меѓу другото да изврши департизација и демократизација на културните институции, децентрализација, рамномерен и рурален развој на културата. Основна мисија на министерството за култура е да создаде услови за развој на координирана и ефикасна културна политика преку воспоставување на функционални, законодавни, организациони, материјални и финансиски услови, обезбедување на автономија на субјектите во културата и воведување на принципи на транспарентност.

„Топ тема на овие расправи е децентрализацијата што е главен приоритет и на министерството и на тоа луѓето најмногу реагираат,  и со право бидејќчи тоа и најмногу ги засега. Преовладува грижата дали во случај на преминување на одредени институции на финансирање на локалната самоуправа  нешто ќе се загуби,  нешто во доменот на личните доходи. Програмските сигурно не, бидејќи би останале повторно на рамниште на министерството за култура. Грижите се и разбирливи и оправдани. Во 2018 година би требало да биде приоритет децентрализацијата. Сето тоа ќе се темели на заклучоците од овие расправи и анализи за можностите на лс, а потоа ќе се премине и на формална децентрализација“ рече Златко Теодосивески – советник на министерот за култура.

Тој го посочи приемерот со децентрализација на неколку институции од културата во Скопје и нагласи дека тие одлично функционирале, пред се поради тоа што практично биле двојно финансирани. Платите ги добивале од општината, а добивале и за програмски трошоци, а имаат можност да конкурираат со годишните програми во министерството за култура.

Aнгел Данов

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново