Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Со изведбата на претставата Велешкиот театар го поддржува проектот „Гуш и Бац“. Имено, средствата собрани од продажбата на влезниците за претставата ќе бидат наменети за реедукација поточно за дефектолог, логопед и сензорна терапија на деца со аутизам чии родители имаат потешкотии да го обезбедат тоа.

Хуманитарната изведба на претставата ќе се случи во петок, на 22-ри декември, со почеток во 20 часот во Театар "Јордан Х.К-Џинот".

Претставата "Синиот портокал" од Џо Пенхол е во режија на Александар Ивановски. Во претставата настапуваат актерите Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски./У.Ј

Поврзани вести

 

Најново