Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Кети Борисовска e прогласена за актерка на годината и Фаик Мефаиловски за актер на 2017 година. Наградите ги востанови велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во кој Борисовска и Мефаиловски се професинално ангажирани. Со цел за поголема мотивација и реално вреднување на покажаните работни резултати Признание му беше доделено и на сценскиот работник Спасе Петрушев. Тројцата наградени добија парична награда, признание и статуетка.

- Убаво се чувствувам. Имам измешани емоции. Кога дознав дека ја добивам наградата за 2017 година веднаш ми се врати тој филм на моите почетоци, целиот 14 годишен пат исполнет со многу труд, многу солзи, многу насмевки, присуство на сцената, дружења, пибликата.Убаво задоволство е се разбира. Таа ќе биде поттик не само за мене, Фаик и Спасе туку и за другите колеги, рече Борисовска. 

- Тоа е прекрасно чувство затоа што знаеш кога во годината во која најмногу си изработил тоа било нешто добро. Како што кажа Кети тоа ќе биде поттик не само за нас туку и за сите останати во работниот колектив да се трудиме да ја земеме таа награда. Чувството е прекрасно затоа што ни ја доделуваат колегите со кои работиме затоа што ние сме семејство и театарот мора да биде семејство и мора да има љубов, почитување и признанија за тој што во една измината година сработил најмногу, рече Мефаиловскив имаат во своите раце.

Актерката Кети Борисовска наградата ја доби за улогата на Ана Комнена во истоимената претстава но и затоа што таа одигра 48 претстави, што се наоѓаа на репертоартот на театарот, во оваа година меѓу кои се „Театар љубов моја“, и „Чавката во „Волшебникот од Оз“.

Актерот Фаик Мефаиловски зад себе има четиригодишно професионално искуство. Тој е награден за толкувањето на ликот на Петар Хермит во претставата „Ана Комнена“. Тој настапи во вкупно прикажани 67 претстави пред публиката во кои беше и Ерџан „Синиот портокал“, Планер во „Тирамису“ и Страшилото во „Волшебникот од Оз“.

Сценскиот работник Спасе Петрушев беше ангажиран како реквизитер во вкупно 120 претстави на редовниот репертоар на велешки театар.

Во чест на наградените, во саботата на 23 декември, нивните колеги ја одиграа претставата ,,Вдовицата се мажи,, во режија на Младен Крстевски, работена по текст на Чехов./У.Ј

Поврзани вести

 

Најново