Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ се одржа промоција на нови седум наслови од едицијата на книги од македонски автори, адаптирани на брајово писмо. Заедно со новите седум, брајовата библиотека „Ратко Пајдаков“ која е дел од Здружението на слепите лица на Општина Велес, веќе брои 43 наслови.

На промоцијата беа презентирани насловите: Силјан Штркот - Марко Цепенко, Избор - Јоаким Крчовски, ММЕ - Кој прв почна - Дејан Дуковски, Така било пишано - Сашко Насев, Млади синови - Васил Иљоски, Антица - Ристо Крле, како и реизданија на насловите: Црно семе - Ташко Георгиевски, Камена перница - Ристо Ѓ. Јачев, Диво месо - Горан Стефановски, Бели мугри - Кочо Рацин.

За новите наслови, за нивната важност, како и за значењето на брајовото писмо за слепите лица, на промоцијата говореа, м-р Игор Крајчев, директор на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и Коце Димов, претставник на одделението за слепи лица при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје.

Традиционално, дел од книгите, Здружението ги подарува на велешката библиотека за брајовото катче во истата.

Проектот за адаптација на реномирани наслови на брајово писмо е проект на Здружението на слепите лица на Општина Велес, во соработка со Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес, а финансиски е поддржан од Општина Велес./У.Ј

 

Поврзани вести

 

Најново