Н.Е Амбасадорот Милан Јазбец: Насмевките на учениците и авторите на перформансот „Преку различностите ги спознаваме сличностите“ се повредни од работата на сите Амбасадори
Прошетка низ Македонија и Словенија, двете поранешни републики во една поранешна држава или сега две држави што и покрај различните култури и традиции меѓусебно се поврзани поради сите досега родени љубови, склопени бракови, родени деца во кои постои желба да негуваат пријателства, да читаат стихови и проза од македонски и словенечки автори, да пеат и танцуваат на звукот од хармониката или тапанот и зурлата. Ваков перформанс, поточно мјузикл со наслов „Преку различностите ги спознаваме сличностите“ изведоа учениците на ООУ „Васил Главинов“ во рамките на одбележувањето на патрониот празник. Него го режираше актерката Весна Димитровска Бобевски.
Додека децата на македонски и словенечки јазик кажуваа реплики и пееја песни, рецитираа поезија на македонски и словенечки автори, во публиката покрај нивните родители и домаќините, директорката на училиштето Лилјана Николова и Градоначалникот на Велес Аце Коцевски, седеа и македонскот поет и новинар Раде Силјан како и Амбасадорот на Република Словенија во Македонија Н.Е Проф.др. Милан Јазбец. Тој и неговите соработници уживаа во она што го гледаа на сцената. Особено Словенката Соња Должан, долгогодишна преведувачка и наставничка од словенечки на македонски и од македонски на словенечки јазик.
– Ме расплакавте, созите сами потекоа од чувствата што ги предизвикавте кај мене со овој перформанс во кој имаше толку убави зборови за мојата татковина, Република Словенија. Јас долги години живеам и работам во вашата татковина. Што да кажам, освен едно големо благодарам за сите вас кои вечерва ми приредивте едно вакво чувство, рече Должан кога беше поканета на бината за да ги пренесе нејзините импресии од перформансот.
– Јас сум учествувал на многу приредби но оваа е несекојдневна и уникатна. И честитам на Весна и на сите ученици во овој перформанс. Мислам дека на овој начин ние имаме генерација на ученици со која можеме да се гордееме и која е подготвена да ни одржи лекција по патриотизам, рече Силјан.
И ако публиката со овации го проследи талентот на ученикот кој на тапан го најави традиционалното македонско оро кулминацијата во мјузиклот секако ја постигна ученичката Мартина Станчева чии извонредни гласовни можности освен што се разлеаа низ салата „Бели Мугри“додека ја изведуваше евровизиската песна на Словенија со наслов „Цвет з југа“ за момент ја наведоа публиката да помисли дека навистина ја слушаат словенечката вокална интерпретаторка Аленка Готар. Особено Н.Е Амбасадорот Јазбец не останаа рамнодушни ниту на талентот на кантавторката Сандра Јорданова која песна од издадената поезијата на Амбасадорот ја отпеа додека музицираше на гитара.
Ученичката Мартина Станчева
Понесен од чувствата Проф.др Милан Јазбец ги почести присутните со уште две негови песни, првата што ја напишал и по која се ределе сите наредни објавени стихови во повеќето стихозбирки, пред да се заблагодари велејќи:
Раде Силјан, Соња Должан, Весна Димитровска Бобевски, Лилјана Николова и Н.Е Проф.др. Милан Јазбец, Амбасадор на Словенија во Македонија
– Јас служев војска во Штип и прво сакам да ве предупредам да не ме прашувате чија пита пастрмајлија е повкусна. Нека остане воена тајна. Ви благодарам на се. Ова беше преубава вечер . Кога вие ученици ќе бидете на мои години, вие сигурно ќе бидете поуспешнИ од мене. Овој перформанс е прекрасна манифестација на македонско-словенечко пријателство и вашата насмевка како и насмевката на Весна е многу повредна од сета работа на сите Амбасадори , рече Н:Е Амбасадорот Јазбец.
И додека нему директорката Лилјана Николова во знак на благодарност му подари прирачник во кој е преставено ООУ „Васил Главинов“ како инклузивно училиште и рачни изработки од учениците Амбасадорот Јазбец возврати со подароци од книги издадени на словенечки јазик меѓу кои и единствената посветена на дипломатијата со превод на албански и арапски јазик.
– Весна, благодарам што неуморно работеше со нас. Учениците беа прекрасни. Благодарам на сите што учествувавте и што бевте дел од подготовката на перформансот На кој идеја, сценарио и режија се твои, кореографиите ги осмисли Тони Ковачев а за техничкиот дел се погрижија наставникот Зоран и ученикот Давид, рече Николова.
Весна Димитровска Бобевски, Марко и Сара Ристовски како и Лилјана Николова
Таа на двајца ученици, братот Марко и сестрата Сара Ристовски, долгогодишни членови на Драмското студио „Словото“ на Весна Димитровска Бобевски кои исто така настапија во овој перформанс им подели благодарници што тие ќе ги понесат во Лондон, градот во кои ќе продолжат да учат а нивните родители да работат. Актерката и режисерка Весна Димитровска Бобевски им подели рачно изработена слика со симболот на драмското студио и низ солзи соопшти дека со неа Марко веќе се договорил кога еден ден ќе дипломира режија на тамошниот Факултет за драмски уметности тогаш неа ќе и ја довери првата улогата, на што димитровска Бобевски се пошегува дека тогаш ќе биде веќе стара баба но ќе прифати да игра во неговите филмови.
Весна Димитровска Бобевски со Мирче Ивановски и нивен пријател фотографирани во Велес
Инаку, на почетокот на перформансот на видео бимот во салата постхумно беше прикажана фотографијата на Македонецот Мирче Ивановски кој живееше и работеше во Република Словенија како државен службеник во тамошното Министерството за образование и како претседател на Македонското здружение во Љубљана беше иницијатор на веќе воспоставената соработката помеѓу Македонија и Словенија. /У.Ј