Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Со претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол во режија на Александар Ивановски, Театар „Јордан Х.К-Џинот“ Велес ќе гостува во Културно-информативниот центар на Р.Македонија во Софија, Р.Бугарија во четврток, на 29 март.

„Синиот портокал“ е драма за современата психијатрија, за застарените методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи. Во време на глобализација кога сакаме да ги надминеме табуата за разликата во бојата на кожата, националноста и културните наследства кои ги носиме во себе, оваа претставата топло ја брани неправдата која ја нанесуваме некогаш преку негативна, а некогаш преку позитивна дискриминација.

Драматург на претставата е Катерина Момева, сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката е Сашко Костов. Во претставата настапуваат актерите Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски и Жарко Спасовски.

„Синиот портокал“ е трета продукција од Програмата на Велешкиот театар за 2017 година и е една од најизведуваните претстави со над 30 изведби на репертоарот на театарот. Претставата досега беше изведена и во Центарот за култура во Радовиш, фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, „Скопско лето“, Македонското културно лето во Албанија, фестивалот „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, како и на фестивалот „Ин Виница веритас“ во Виница.

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново