Интернационалниот „Танцфест“ 2018 , со две претстави, гостува во Велес
Велешани ќе можат да ги проследат танцовите претстави на сцената на Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес. Првата ќе биде премиерната изведба „Егзистирање“ на Скопје танцов театар што ќе се одржи на Малата сцена во понеделник на 16 април, со почеток во 20 часот .
Претставата се состои од три дела. Првиот „What happened to …self?“ во кореографија на Јакуб Муњко, вториот „Без стоп“ во кореографија и режија на Матеја Киселички и третиот “Егзистирање“ во кореографија на Рисима Рисимкин.
Наредната вечер, исто така со почеток во 20 часот, на Големата сцена на театарот ќе биде изведена танцовата претстава „Д.О.Л“ на Скопје танцов театар во кореографија на Адријана Данчевска.
Билетите за претставите од програмата на Танцфест 2018 се веќе пуштени во продажба на билетарницата на театарот./У.Ј