Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

На Големата сцена на Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ се одржа премиерното прикажување на претставата за деца „Заспаниот супер-херој“ по текст и режија на Младен Крстевски. „Заспаниот супер-херој“ е најнова театарска продукција наменета за најмладата публика која театарот ја реализира од сопствени средства.

Претставата на атрактивен и интерактивен начин ја следи приказната за Ицо и Гицо кои со помош на нивниот супер-херој и волшебникот ја спасуваат својата другарка Пинипу од рацете на лошиот вештер.

Во претставата настапуваат актерите Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски, Васил Зафирчев, Ирена Илиевска, Младен Крстевски и Филип Христовски.

Првите изведби на претставата во текот на следната недела ќе бидат со организирана посета на ученици, по што ќе следуваат и изведби на репертоарот на театарот предвидени за слободна продажба./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново