Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

AngelPetrov naslovna

Ако пред неполн месец кога одбележувајќи го шест деценискиот творечки живот ни рече :„Ја барам светлината, што претставува живот. Kако кога се раѓа дете. Нов живот-светлина“ академскиот сликар Ангел Петров на отворањето на неговата изложба „Портретите на Рацин“ , што е дел од програмата на 55 Рацинови го откри своето неуморно трагање по одразот на поетовото око, што ќе го долови моментот на инспирација ,недофатливиот миг кога се раѓа стихот.

- Ми беше голема инспирација неговиот лик, израз. Неговиот лик е душа благородна. Во очите сокриена тајна. Тој е најголемиот поет на сите времиња. Едноставно генијален човек, сестран,рече Петров.

AngelPetrovsoKocevski fin

Делата што академскиот сликар Ангел Петров ги создаде инспириран од ликот на Рацин, синоќа, за прв пат беа изложени на едно место,во фоајето на велешки театар „Јордан Хаци Константинов Џинот“.

Ова е само мал дел од творечкиот опус на академскиот сликар Ангел Петров кој наспроти сите поетски и уметнички есенции, што изложбата ги носи со себе ,таа е пред се и над се, рефлексија на повеќе децениско уметничко патешествие притоа креирајќи сопствена, интимна историја, на еден дијалог помеѓу поетското перо и уметничката четка, рече на отворањето на изложбата директорката на Народен Музеј на Велес, др Анита Василковска Мидовска.

Midovska fin

- Дијалог помеѓу ликот и делото на Коста Солев Рацин и уметничкиот сензибилтет на Ангел Петров. Низ илјадниците слики кои ја имаат истата тематика и кои пред нас го овековечуваат ликот на Рацин постои еден халидоскопски, безграничен пејсаж, во кој се преплетуваат внатрешните немири, пориви, настани и премрежја низ кој поминувал нашиот поет а кој низ прангите на историскиот залог , толку величествен и толку мистичен, ги проткајува во својот личен уметнички сенс и ракопис авторот на овие слики, рече Василковска Мидовска.

Таа додаде дека експресионистите во своите дела го бркаа сонцето и ги откриваа нијансите на светлината и темнината, пред себе поставувајќи еден ист мотив, а во сликите на Петров е прикажана потрагата по едно време, по еден лик, пасија и по една душа што ги испиша страниците на македонската историја како сведоштво за иднината преку ликот од минатото доживеана во сегашноста.

AngelPetrov izlozba fin

- Во оваа експлозија на реалистичност се појавува еден уметнички и човечки поттсекст, исполнет со плејада на чувства како пркос, немир, чемер, гордост и борбеност. Оваа бура од емоции може многу лесно да се забележи затоа што животното дело на Коста Солев Рацин во себе ги има вткаено сите овие чувства независно дали говориме за Рацин поетот, Рацин револуционерот, Рацин идеологот, Рацин борецот за работнички и човекови права, Рациниот Рацин, рече Василковска Мидовска.

Изложбата на осумдесет годишниот академски сликар Петров, кој сеуште твори можат да ја посетат сите негови сограѓани како и  љубители на ликовната уметност. /У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Општина Велес ја известува јавноста дека, започнувајќи од понеделник, 24 февруари 2020 година, Друштвото за производство, промет и услуги „Стентон Градба” ДОО с. Долно Оризари – Битола, врз основа на склучен Договор со Јавно претпријатие за државни патишта, ќе започне со изведба на градежни активности на местото викано „Цуцка”, во близина на манастирите Св. Ана и Св Димитрија.

За време на градежните работи за санација на свлечиштето (одронот) на регионалниот пат Велес – Градско (транзитен дел низ Велес), сообраќајот ќе биде времено изменет.

Општина Велес апелира до учесниците во сообраќајот, како и до сите жители кои гравитираат кон овој дел од градот, за внимателно управување со моторните возила и движење на пешаците и почитување на поставената вертикална сигнализација (сообраќајни знаци и дополнителни информативни табли).

Со почит,

Општина Велес

Rontis oglas 2

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 06/03/2020 година .

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново