Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Racinovinaslovna

Во срцето на Македонија, во рациновиот Велес и годинава, во четвртокот вечерта, на 14 јуни, дојдоа почитувачите на ликот и делото на најзнаменитиот велешанец, на сеуште ненадминатиот, најголемиот помеѓу живите и мртвите златоусти македонски поети, великанот Кочо Солев Рацин. Потомците на семејството Солеви, дваесетте поети од Македонија,Хрватска, Србија и Албанија кои учествуваа на Поетскиот митинг, преставници на Друштвото на писатели на Македонија, на МАНУ, амбасадори, на Делегацијата на Европската Унија, пратеници, градоначалници, членови на Советот на општина Велес и граѓани присуствуваа во салата на велешки театар на свеченото отворање на 55 Рацинови средби.

Racinovi1 fin

Што и да направи Велес е премалку за славата што Рацин со децении му ја носи на родниот град бидејки неговите заслуги се грандиозни и големи во втемелувањето на современата македонска поезија, литература и јазик. Затоа наместо разни други манифестации и шунд настани општина Велес, МАНУ и Друштвото на писатели на Македонија мора да ги вратат вистинските вредности на манифестацијата Рацинови средби, рече градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски.

RacinoviKocevski fin

- Во ова време кога се соочуваме со најкомплексни општествени прашања рациновите пораки силно допираат до нас, што за жал се разделивме како народ. Затоа неговата песна „Нели бевме“ , сочувана за навек во архивата на МАНУ, нека ни биде лекција и најголемиот повик за будење. Најголема придобивка за нас е што ги имаме овие стихови да не отрезнат, разбудат и да ни кажат дека сите сме едно. Да ја закопаме злата мисла, сите полтички поделби без разлика на која етничка заедница и припаѓаме и во срцата да го послушаме гласот на Рацин и пак да бидеме едно, рече Коцевски.

Racinovi3 fin

Тој додаде дека без Рацин, Прличев, Мисирков, Конески, Тодоровски, Петре М. Андреевски, Матевски и многу други Македонците се ништо бидејќи тие се нашиот јазик, вербалниот лик во светот, одблесок на се што е македонско, Македонија.

Racinovi4 fin

За проф. д-р Кристина Николовска во вечерта во која се поклонуваме пред мунаменталниот подвиг, пред мисијата на великанот на нашата култура, уметност и наука и кога сите се згуснавме во роднот град, славниот и горд Велес, треба да кажеме дека тука се роди и оттука почна да зрачи најблескавиот, раскошен полиграф од светски формат поет, раскажувач, романсиер, преведувач, есеист, публицист, критичар, историчар, фолклорист, филозоф, борец, општественик, револуционер Коста Солев Рацин. Таа годинава ја напиша Беседата за Рацин.

Racinovi5 fin

- Рацин е вистина која само од иднината може да биде сватена. Иднина на која ние треба да и дораснеме. Рацин и Македонија. Македонија во Рацин, како неодложна вистина. Аманетот ни е голем, заветот пред секој од нас. И нека се вечни Рациновите средби и најпоетот наш, таткото на поетскиот јазик, мајчиниот но и во поетските јазици на светот. Оти поезијата е средба и науката е средба, рацинова. А вечерва куќа цел свет ни е, срце порта највисока, срце куќа најширока. Сиот свет песна ни е. Оти ке грмне поетскиот вулкан за да се поклони пред великанот Рацин. Оној Рацин кој е потполно отворен кон светот и највисоките цивилизациски вредности, кој страсно го сака животот и му се радува. Оној Рацин кој е бескрајно животворен и кој сака да не поучи: Силниот пулс на животот го сеќаваш и би сакал повеќе, потполно да живееш, во твоите гради, во срцата на сите твои. Копнежот е така силен и неумолив. Погледнете длабоко во себе оттаму расне рациновата светлина, рече проф. д-р Кристина Николовска.

Rasinovi2 fin

Racinovi6 fin

На првата вечер од годинешните 55 Рацинови средби се одржа и меѓународниот Поетски митинг на кој учествуваа дваесет поети од Македонија, Хрватска, Србија и Албанија.

RacinoviStefanovski fin

Посетителите на културно поетската манифестација уживаа и во музицирањето на Влатко Стефановски./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.