Премиера на претставата „Пасивно пушење“ во Дом на култура Кавадарци
Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци премиерно ќе ја изведе претставата “Пасивно пушење“, по текст на Небојша Рончевиќ и во режија на Јордан Витанов од Велес, како гостин.
Станува збор за комедија која ги третира парадоксите кои Европа ги има кон имигрантите. Инаку текстот ја имаше својата праизведба во театар „Звездара“ во Белград додека во Македонија првата изведба ја има токму на сцената на кавадаречкиот Дом на култура.
Во претставата настапуваат актерите: Диме Коцевски, Видан Станоев, Љупчо Настов, Коле Колев, Валентина Ѓорѓиова и Диме Боцев.
Преводот на македонски јазик и адаптацијата на текстот е на режисерот на велешки театар, Ненад Витанов, сценографија на Валентин Светозарев, костимографија на Јордан Витанов а изборот на музика е на Марјан Тодоровски.
Премиерата ќе се одржи во четврток, на 21 јуни 2018, со почеток од 20 часот/У.Ј