Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

1

Откриени се вкупно 77 погребувања,  голем број на бронзени игли, дел од накит – ѓердан, разни керамички садови и метални предмети.

 

Општинската установа Музеј на град Неготино во соработка со НУ Археолошки Музеј на Македонија ги започна археолошките ископувања на локалитетот “Мали Дол“ во с.Тремник, општина Неготино.

Стручната екипа ja сочинуваат  д-р Александра Папазовска, виш кустос за железно време од НУ Археолошки Музеј на Македонија, воедно и стручен раководител на истражувањата, д-р Фаница Велјановска, антрополог, кустос-советник во НУ Археолошки Музеј на Македонија, Александра Чевревска, археолог-кустос во НУ Археолошки Музеј на Македонија и Костадинка Филипова, археолог-кустос во ОУ Музеј на град Неготино.

3

Ископувањата спроведени во рамки на истражувачкиот проект Археолошки истражувања на Мали Дол, с.Тремник во континуитет се одвиваат од 2009 година до денес како резултат на соработката помеѓу Археолошки Музеј на Македонија и ОУ Музеј на град Неготино.

Во рамки на овие археолошки ископувања откриени се вкупно 77 погребувања, пронајдени се голем број на бронзени игли, дел од накит – ѓердан, комбиниран со килибарни перли, разни керамички садови како урни, кантароси и други керамички и метални предмети, сместени во два хоризонта на погребување (две некрополи).

 Првата (постарата) е составена од погребувања кои датираат од доцното бронзено време (крајот на XII век п.н.е.) и преодниот период од бронза во железно време (XI – X век п.н.е.), а втората е претставена со погребувања од средниот век (XI – XIII век н.е.). Оваа приказна е преточена во Археолошка Изложба “Некрополите на Мали Дол“, с.Тремник, Неготино финансирана од страна на Министерството за култура на Р.Македонија според програмата за проекти од национално значење, која е најавена да се случи во септември 2018 година во Изложбениот салон на Општинската Установа Музеј на град Неготино

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново