Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

strip fin

Во конкуренција од пристигнати 185 стрипа од разни земји Стрип центарот на Македонија, со седиште во Велес, ги објави имињата на победниците на меѓународниот стрип конкурс,кој е дел од стрип салон „ВЕЛЕС 2018“

Првото место и добитници на наградата “Златен Стрип“ се авторите на стрипот „Влез во Харем“ Алекса Гајиќ-цртеж и колор, Марко Стојановиќ –сценарио. Второто место го освои стрипот „САТИР“ чиј автори се Владимир Кузманов (САД) – цртеж, Катрин Месар (САД) сценарио и Владимир Попов (Србија) –колор и летеринг. Третото место му припадна на стрипот „The Murk” на авторот Фернандо Соса ( Аргентина). Награда за уметнички израз му припадна на авторот Дишан Гачиќ за стрипот „Лична карта“ додека наградата за сценарио ја доби Предраг Ѓуриќ (Србија) за стрипот „Љубовта е во воздухот“.

Награда од Стрип центар на Македонија ја доби стрипот “Кентаур“ на авторот Дражен Бркиќ (Хрватска) и стрипот „Експеримент“ на авторот Катлин Краловец (САД).

За највозрасен учесник наградата ја доби осумдесет и четири годишен стрип автор Богдан Николиќ(Скопје, Македонија) за стрипот „Колку се вредни старите луѓе“ а за најмлад седумгодишната Ива Цветковиќ (Лесковец, Србија) . Наградена е и четиринаесетгодишната Јана Бутеска (Скопје, Македонија) за стрипот „Мојот сон“ додека стрип авторката Мина Гајтановиќ (Нови Пазар, Косово) за стрипот „Збогум“ во категоријата до осумнаесетгодишна возраст.

За најдобар дебитантски стрип е прогласен стрипот „Лош сон“ на Јана Илиевска ( Скопје).

Наградите ќе се доделат на завршната изложба од интернационалниот стрип салон „ВЕЛЕС 2018“ која што ќе се одржи на 12 октомври во Ликовен салон во Велес кога стрип авторот Игор Стевковски Стевац од Скопје ќе биде прогласен за годинешниот добитник на годинешното признание за развој и афирмација на македонскиот стрип, именувано по прерано починатиот стрип авторот Љупчо Филипов./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново