Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Koncert naslovna

Под диригентската палка на Иван Еминовиќ и музичката изведба на 53 членови на оркестарот, во средата на 26 Декември на големата сцена во зградата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес настапија седум првенци на Македонската опера и балет: Весна Гиновска Илкова, Славица Петровска Галиќ, Зоран Сотиров, Ристе Велков, Ана Ројдева Талевска, Наде Талевска и Ѓорѓи Цуцковски.

publika fin

Изведбата на ариите од најпознатите светски оперски класици: „Кармен“ од Жорж Бизе, „Риголето“ и „Травијата“ од Џузепе Верди, „Мадам Батерфлај“ и „Турандот“ од Џакомо Пучини, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини, „Ромео и Јулија“ од Шарл Гуно, „Хофманови приказни“ од Жак Офенбах како и други дела од светската оперска уметност ги проследи огромен број на публика.Голем дел од нив стоејќи бидејќи салата беше исполнета до последното место. Тие ги наградија уметниците со огромни аплаузи.

Koncert1 fin

Новогодишно-божиќниот гала-концерт што го организираше Општина Велес со поддршка на Народниот театар „ЈХК-Џинот“ и Ротари клуб-Велес

Koncert2 fin

По  тринаесет години вљубениците во класичната музика и опера повторно уживаа во извонредните изведби на оперските певици и пејачи. Културната понуда во градот веќе во февруари 2019 година ќе се збогати со настапот на МОБ со балетот „Либер танго“, најавија од Општина Велес./У.Ј.

 

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.