Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

stripkolonija fin

Годинава македонската стрип сцена ќе биде почестена со присуство на гости од Финска, Словенија, Србија , Хрватска ,Грција и со учество на домашни автори. Стрип центар на Македонија, со седиште во Велес од лани воведе нов начин на организирање на колонијата. Активностите се поделени на три содржини: Интернационален конкурс за стрип, интернационална стрип колонија и изложба на стрип во град што дополнително ќе се избере.

Присутните стрип уметници, учесници на колонијата, од 21 до 25 август во спомен куќата на Касапови во Велес мегусебно ке другаруваат и творат стрипови на слободна тема, кои ќе бидат објавени во пригодно издание.

Тимот на СЦМ-Велес со уште поголеми амбиции од лани ја организира овогодинашната колонија,. Македонската стрип сцена ќе биде застапена со автори од разни генерации, кои што ке го развиваат својот талент под будното око на проф.Владимир Весовиќ од Белград, признат светски уметник и оснивач на стрип школата “Никола Лобачев “ во Белград./У.Ј

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново