Патувачката изложба „Патот на Сефардите” во Градска библиотека во Велес
На 20 големи паноа преку фотографии во боја се прикажани градови во Шпанија каде што живееле Евреите Сефарди.Тие ја сочинуваат изложбата со наслов “Descubre Sefarad” (Патот на Сефардите), што денеска свечено беше отворена во Градската билотека „Гоце Делчев“ во Велес . Изложбата се состои од : главна фотографија, фотографија на секој од осумнаесетте градови на Мрежата на еврејски населби и фотографија посветена на традиционалната сефардска гастрономија.
Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје и шпанското здружение „Каминос Де Сефарад” на велешани им го пркажуваат магичното патување низ градовите Авила, Кордоба, Толедо, Овиедо, Рибадавија како и уште 13 други градови во убавата Шпанија преку фотографии кои зрачат со спокојство и хармонија.
– Овие фотографии претставени на изложбата се убав колаж од животното секојдневие на Евреите Сеферди во Шпанија. Изложбата била претставена во големите европски градови па и Јапонија. Изложбата ја добивме преку Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје по повод 25 години од нејзиното отворање во земјава, а премиерно беше отворена лани ви јули во Скопје“, рече Жаклина Муџева од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите.
Најголем дел од Евреите кои живееле во Македонија до Втората светска војна се Сефарди од Шпанија,а само две семејства се Ашкенази кои се по потекло од Германија и Полска.
Здружението на еврејски населби на Шпанија „Caminos de Sefarad“ е автор на оваа изложба која гостувала и во Берлин, Краков, Белград и Токио. Поводот за ова фотографско уживање е 25 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи на нашата земја со Кралството Шпанија. Изложбата, лани во јули беше отворена во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Скопје. Досега беше поставена во Скопје, Штип, Струмица, Гевгелија и Неготино. /У.Ј