Во Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци на 19 февруари филмот „Дедо и внук“ а на 20 февруари ликовна изложба
Вечерва среда, 19 февруари 2020, со почеток од 19 часот, во Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци се оддржува проекција на еден од најновите македонски играни филмови “Дедо и внук“
Во филмот улогите ги толкуваат: Салаетин Билал, Дејан Лилиќ и Даниела Иваноска. Режијата е на Илија Пиперкоски.
Тоа е филм кој говори за последиците по смртта на едно дете пациент, кое чека лекување во странство, настанува скандал и младиот доктор Никола за да го избегне притисокот е приморан да оди во посета кај дедо му, каде што не бил повеќе од 10 години и таму се среќава со проблемите од неговото минато. Илија Пиперкоски, кој го напиша и сценариото за филмот, успеа да раскаже прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат.
Утревечер, четврток, 20 февруари 2020, со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе биде отворена ликовна изложба насловена како “Уметноста на Неготино“.
На изложбата ќе бидат изложени дела настанати на Ликовната колонија “Свети Ѓорѓи“ Неготино, како и дела настанати по повод чествувањата на празникот Свети Трифун./А.Д