Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

francuskaasocijacija fin

29.05.2020

Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција го одобри проектот на Француската асоцијација „Ситé е Ситé“ со седиште во Бордо, во партнерство со асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство со седиште во Велес, Министерството за култура, македонските градови и универзитетите како и во соработка со партнери од Република Албанија: Институтот за културни споменици, Министерството за култура, Асоцијацијата на општини на Албаниј,на градовите Берат и Елбасан.

За ова денеска информираше градоначалникот Аце Коцевск. Тој соопшти дека станува збор за значаен проект што ќе се реализира во партнерство на Република Франција со Република Северна Македонија и Република Албанија. Проектот планира  размена на знаења и стандарди за урбанистичко планирање на старите јадра во градовите, пејсажната архитектура, валоризацијата и развојот на туризмот преку културното наследство.

Покрај Велес во проектот ќе бидат вклучени уште седум градови од Македонија и тоа: Скопје, Битола, Берово, Кратово, Крушево, Охрид, Штип кои се посветени на заштита на културното наследство.

Во реализацијата на проектот ќе бидат вклучени и 5 француски градови.

„Со цел оваа тематика да го најде своето вистинско место на планот на евроинтеграциите на локално ниво, веќе разговаравме и со Заедницата на единиците на локална самоуправа – ЗЕЛС за нивно вклучување во реализацијата на активностите и проектите“ рече Коцевски.

Тој упати јавна благодарност до г-ѓа Марилиз Ортиз директор на Француската асоцијација „Ситé е Ситé“, Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција, до г-динот Тимоние, Амбасадор на Република Франција и нашата амбасадорка во Франција г-ѓа Јадранка Чаушевска за поддршката на овие значајни проектни активности./У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново