Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

LikovnakolonijaKV fin

26.08.2020
Годинава, со скратено времетраење и намален број на учесници поради пандемијата на Ковид – 19, ќе се одржи Меѓународна ликовна колонија “Кавадарци - Михајлово“. На колонијата, што започнува вечерва, во Летната бавча на Домот на културата, со почетокот е во 21асот, ќе учествуваат петнаесеттина ликовни уметници.

Дел од нив ќе творат во хотел „Уни Палас 2“ во Кавадарци а дел ќе се вклучат онлајн со претставување на своите дела.

Вечерва, еден час пред свеченото отворање на колонијата, во Галеријата на Дом на култура Кавадарци ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Љупка Галазка Василев од Струмица, насловена како “Урбан лиризам“ додека уметниците, учесници на колонијата, ќе започнат да ги создаваат своите дела. Музички гости се дуото “Пикси и Ване“ и рок групата “Епидеми“.

LikovnakolonijaKV1 fin

Во текот на работата на колонијата ќе биде отворена и изложба на ликовниот уметник Александра Кокотовиќ од Белград, Србија. Оваа изложба ќе биде поставена во Музеј Галерија Кавадарци и ќе биде оворена во четврток, на 27 август 2020, во 20 часот.

Колонијата ќе се одржува до сабота, 29 август 2020 година, кога на свеченото затворање ќе биде отворена изложба од создадените уметнички дела на годинашната колонија. Колонијата ќе биде затворена во Хотел “Уни Палас 2“ со почеток во 20 часот. Музички настап ќе имаат и рок групите “MAD&M8s" и "Bad - Ass - All".

Организаторот, Дом на култура Кавадарци, на сите активности во времетраење на ликовната колонија ќе ги спроведе Протоколите за работа во време на Ковид 19 како за учесниците така и за гостите поточно задолжително носење лична заштита на лицето, дезинфекција на рацете, одржување на растојание 1,5 - 2 метри, мерење на температура и ограничен број на посетители.

Ликовната колонија “Кавадарци - Михајлово“ е поддржана од Општина Кавадарци и Министерството за култура на Република Северна Македонија./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново