Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

muralСо изработка на мурал на фасадата на салата „Партизан“ во Кавадарци се завршува серијата АКТО мурали со која се отвори годинешната програма на јубилејното, 15. издание на АКТО фестивалот за современи уметности во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат(ФР~У).

Авторка на муралот е ликовната уметница и професорка Јана Јакимовска, а во изведбата учествуваа и уметниците Симона Манчева и Ненад Тонкин.

„Муралот „Еднакви, заедно посилни“, преку варијација на приказната за џиновската репка, зборува за солидарноста, но и за еднаквоста. Џиновската репка не може од земја да ја извлече еден човек, туку здружените сили на сите помагачи. А онаму каде имаме солидарен труд, нужно е да зборуваме за сите чинители и нивната еднаква заслуга. Ако семејството почива на принципите на солидарност, тогаш тоа мора да се преслика и пошироко во општеството, и особено мора да се подаде рака кон сите индивидуи и групи кои се на маргините. Човек на човека мора да му е семејство, без оглед на меѓусебните разлики,“ велат од АКТО.

mural2Овој мурал е дел од серијата на мурали кои изминативе месеци се изработија во уште шест други градови во земјава и тоа во Битола, Прилеп, Велес, Кочани, Гевгелија, Скопје. Автори на муралите се: Јана Јакимовска, Миле Ничевски, Ненад Тонкин, Ристо Аврамовски, Филип Јовановски, Владимир Милиќ и Давор Кешкец.

Иницијативата за исцртување на мурали на јавни простори има за цел на креативен начин да зборува за одредени теми кои покренуваат и мобилизираат не само поединци туку цели групи и заедници кон активирање и работење на заедништвото и заедничкото во градење на едно праведно општество./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново