Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Isimena veleskiteatar fin

19.11.2020

На сцената „Петре Прличко“ во Народниот театар „ЈХК Џинот“, Велес, со почитување на здравствените протоколи, ќе биде праизведена монодрамата „Исмена“ од Катерина Момева, во режија на Елеонора Теова.

Монодрамата ја изведува актерката Моника Ставревска, а изведбата на музиката во живо е на Сашко Костов. Дизајнот на плакатот и промотивниот материјал е на Филип Коруновски.

Авторите на претставата подвлекуваат дека станува збор за артикулација на прашањата за потеклото и немоќта да се избега од сопствениот корен, за потребата да се одговорат егзистенцијални прашања преку соочување со минатото и непознатото во него - кое има лик на стапица за заробување на душата.

Монодрамата ќе биде прикажана во сабота на 21 ноември со почеток во 19:00 часот.

Убавка Јаневска

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново