Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

muzej

16.12.2020

И покрај вонредните околности предизвикани од пандемијата со Ковид - 19, Музејот на град Неготино е доказ дека ништо не може да застане на патот на развој на културата во градот. Само со музика може да му се пркоси на вирусот.

Деновиве во Музејот на град Неготино се одржа концерт на ПИЈАНО ТРИО во состав:- Весна Ангелова Христов-пијано, Момчило Куфојанакис-виолина и Марјан Ивановски-виолончело, а по повод одбележувањето на 250 години од раѓањето на Лудвиг Ван Бетовен (1770-1927), подржан од страна на Министерството за култура на РСМ.

Програма: БАГАТЕЛИ оп.119 (избор)
Л.В.Бетовен ПИЈАНО ТРИО оп.1. бр.1
Allegro
Adagio Cantabile
Scherzo-Allegro Assai
Finale-Presto

Циклусите „Багатели“, иако мал дел од неговиот опус, претставуваат своевиден лирски дневник на овој автор. Багатела претставува мала инструментална пиеса. За прв пат називот е искористен за циклус пиеси на Ф. Купрен. Багателата како вид на лирска пиеса е особено развиена од Лудвиг Ван Бетовен.

Концертот се одржа според протоколот  за заштита од КОВИД-19 со ограничен број на посетители, одржување дистанца, дезинфекција на раце и задолжително носење заштитна маска.

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново