28.12.2020
Денес (28.12.2020) во просториите на Музеј на град Неготино, се одржа преднвогодишен концерт (пијано) во изведба на на м-р Наташа Трбојевиќ, вонреден професор на Музичката академија при Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип.
Под мотото „Енергични, динамични, возбудливи изведби на Дебиси, Бетовен, Шуман“, a согласно здравствените протоколи за заштита од Ковид – 19, пред публиката во изложбениот салон во музејот, се одржа овој празничен концерт, информира Драгица Чекорова, директор на Музеј на град Неготино.
Наташа Трбојевиќ е родена во Штип. Завршува музичко образование во Штип и Универзитеот Св.Кирил и Методиј во Скопје. Магистрирала во класата по пијано на професорот Евушка Трпкова Елезовиќ. Има освоено повеќе награди на натпревари по пијано. Таа и припаѓа на првата генерација дипломирани пијанисти во Штип и е еден од основачите на класата по пијано во Средното музичко училиште во Штип. Како музички педагог учествувала на повеќе државни и меѓународни натпревари. Учесник е на многубројни жирија на државни натпревари за пијано и камерна музика. Има одржано многубројни целовечерни концерти во државата и странство . Исто така е и почесен член на Фондацијата “Томислав Зографски“. Денес Наташа е вонреден професор на Музичката академија при Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип.
На програмата, од страна на проф. Наташа Трбојевиќ беа изведени следниве мелодии:
- C.Debussy - Arabesque No.1
- L.van Beethoven - 31 Variations c-moll
- R.Schumann - Papillons, Op.2
- E.Grieg - Ballade, Op.24
Мите Јаначков