Објавен 19 Меѓународен конкурс за стрип „Велес 2021“
01.03.2021
Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го објави, традиционалниот, 19 по ред Мeѓународен конкурс за стрип на кој право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста, должината на стрипот да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат со минмум 300дпи ако се испраќа по електронски пат и доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку 5 слики додека во боја , препорачливо е истиот да се испрати преку пошта или достави лично.
Стриповите нема да бидат вратени .Со самото испраќање организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите во склоп на промоција на своите активности.
Tемата на стрипот е слободна.Секој автор независно, со цртеж, туш ли колор, може да учествува со само еден стрип. Исклучок има за сценаристите каде се дозволува на едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови.
Учесниците коишто се во основно образование треба да се насочат кон своите основни училишта заради раширување на информацијата, организирано пријавување како и избор на тема за цртање.
Исто така, на еден стрип можат да работат повеке автори со назнака или опис кој што создал: сценарио, молив, туш. Заедно со стрипот потребно еда се испрати лична биографија, име и презиме со фотографија, дата на раѓање, адреса, град и држава од каде е авторот ,емаил како и година кога стрипот е нацртан.
„ Стриповите треба да ги содржат авторите како и називот на стрипот .Пристигнатите стрипови, без овие информации, нема да бидат земени во предвид за награди, рекоа од Стрип центарот на Македонија.
Потребно е стриповите од македонски автори да бидат на македонски јазик и кирилско писмо.
Стрип центарот на Македонија сите пристигнати стрипови ќе ги земе во конкуренција ќе ги излож на изложбата во рамки на Салонот на стрип со реална можност за друг вид на промоција.
Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена интернационална комисија којашто ќе направи избор и ќе ги предложи за следните награди:
• Прва награда, 200 ЕУР ”Златен стрип ” и диплома за прво место.
• Втора награда, диплома за второ место.
• Трета награда, диплома за трето место.
• Награда за најдобро сценарио, диплома.
• Награда за најдобар млад автор до 18 години, диплома.
• Други специјални награди
Рокот за испракање е до 20-ти септември 2021 година.
Стрип цртежите потребно е да се испратат на адреса: Стрип Центар на Македонија – Велес (за конкурсот) на ул. Васил Горгов, бр.78 ,1400 Велес ,Република Македонија или преку е-маил:[email protected]. Заинтересраните за повеќе информации може да се јават и на телефон 075 374 155.
Стефани Манева