Izlozba1 fin

Одбележувајќи ја 100 годишнината од воените дејствија на Македонскиот фронт, Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија - АНИМ, ја подготви патувачката изложба „Секојдневниот живот на линијата на фронтот“ ставајќи акцент на секојдневниот живот на обичните луѓе - цивилното население, кое било зафатено во виорот на војната и без своја волја. Изложбата во Велес е поставена во Локалната библиотека „Гоце Делчев“.

muzickaklavir fin

Во Ликовниот салон во Велес, во средата вечерта на 24 октомври, беше промовирана четвртата поетска збирка на м-р Божидар Јовиќ со наслов “Извори на животот“. Откако пред година ипол тој на љубителите на прозата им подари прозно дело во него се чини дека поетското не можеше предолго да молчи пред налетите на стиховите во неговата разбранувана поетска појава. Пројавата во повеќе жанрови е разбирлива и логична со оглед на талентираноста и способноста на Божидар како автор да се размавне со своето перо и со своевидна леснотија да твори и книжевно да егзистира на повеќе книжевни полиња, рече пред присутните писателот м-р Игор Крајчев, директор на библиотека „Гоце Делчев“ во Велес.

strip fin

Во конкуренција од пристигнати 185 стрипа од разни земји Стрип центарот на Македонија, со седиште во Велес, ги објави имињата на победниците на меѓународниот стрип конкурс,кој е дел од стрип салон „ВЕЛЕС 2018“

naslovnaizlozba fin

Изложба со наслов: „ФЕМИГРАЦИИ - уметност за правата на бегалците“ која е дел од проектните активности на проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите имплементиран од Македонското здружение на млади правници ќе биде отворена во Ликовен салон во Велес на 23 август, годинава.

Zeniki fin

Ликовниот уметник Луан Зенки од Гостивар излага свои дела во Музеј Галерија Кавадарци. Изложбата е дел од настаните на Меѓународната ликовна колонија “Кавадарци - Михајлово 2018“ посветена на познатиот уметник Ристо Соколов Сокол. Неа ќе ја отвори уметникот и професор Решат Амети од Гостивар.

1

Откриени се вкупно 77 погребувања,  голем број на бронзени игли, дел од накит – ѓердан, разни керамички садови и метални предмети.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново