Во неисцрпената ризница од повеќегодишното работење на познатите велешки фотографи Дамаскин и неговиот син Љубе Манушев , пронајдовме четири досега необјавени фотографии. Две од нив се направени во 1919/1920 година, на локација главна улица во Велес поточно во делот на денешниот плоштад Саармале. На нив Дамаскин го фотографирал и синот Љубе Манушев. На двете фотографии убаво се гледаат старите дуќани од надалеку познатата велешката чаршија а во позадина на едната се гледа зградата на тогашната Општина додека на втората фотографија се гледаат и јаворите на Саармале.

Се избира „Музата на Рацин“, заштитното лице на манифестацијата „Рацинови средби“. Од вчера е отворен конкурсот и целта е современ третман на рациновата муза како значајно обележје на неговата љубовна поезија. Со овој настан се афирмираат и промовираат младите од Велес и нивно активно вклучување во реализацијата на „Рацинови средби“.

Со изведба на композицијата „Радусја невесто неневестнаја“ од Свети Нектариј Егински членовите на Младинскиот црковен хор „Свети Кирил и Методиј“ на Повардарската епархија го започнаа третиот Великопосен концерт во соборната црква „Свети Великомаченик Пантелејмон“ во Велес. Концертот се одржува во слава и чест на Воскресението Господово на скоро четири недели пред големиот христијански празник. Верниците кои присуствуваа на концертот имаа ретка можност да уживаат во изведбите на хористите во најубавата и најакустична внатрешност на црквата изградена од најголемиот македонски неимар и градител Андреа Дамјанов.

Од платна на кои што се насликани доживувањата на суштината на човековиот емоционален аспект е составена изложбата на академскиот сликар Трајче Чатмов, што вчеравечер беше промовирана пред велешката јавност. На сликите на Чатмов можат да се забележат човечки фигури кои межусебно се поздравуваат, војуваат, се соочуваат со своите пороци и страсти. Со техника акрил на платно Чатмов на 44-те слики ги пресликува чувствата кои човекот со помал или поголем интензитет ги изразува во секојдневниот живот.

Во Македонија постојат голем број неоткриени стари артефакти. Под секој камен на ова парче земја сеуште се кријат многу тајни за животот на луѓето пред повеќе години па и векови. Во потрага по информации поврзани со стари артефакти деновиве на една примитивнa тезга на градското пазариште во Велес сосема случајно откривме убава стара бакарна ламба, висока нешто над дваесет сантиметри и украсена со 12 црвени и зелени камења.

Четири танцови претстави ќе имаат можност да проследат граѓаните на Велес на сцената на театар Џинот во рамки на годинешното издание на „Танцфест“. На 09 април со почеток во 20 часот прв на сцената ќе настапи Скопје танцов театар со претставата „Стапнувајќи на земја“. По три дена на 12 април ќе биде изведена една од најекслузивните претстави за годинава „Боите на танцот“ на Државната опера и балет од Измир, Турција. На сцената на велешки театар на 19 април ќе настапи „Ruolite Dance Company“ со претставата „Strates“ од Париз, Франција. Танцфест во Велес се заокружува на 21 април со претставата „Волшебен свет“ во изведба на Скопје танцов театар.

Поврзани вести

 

Најново