Со претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол во режија на Александар Ивановски, Театар „Јордан Х.К-Џинот“ Велес ќе гостува во Културно-информативниот центар на Р.Македонија во Софија, Р.Бугарија во четврток, на 29 март.

Прошетка низ Македонија и Словенија, двете поранешни републики во една поранешна држава или сега две држави што и покрај различните култури и традиции меѓусебно се поврзани поради сите досега родени љубови, склопени бракови, родени деца во кои постои желба да негуваат пријателства, да читаат стихови и проза од македонски и словенечки автори, да пеат и танцуваат на звукот од хармониката или тапанот и зурлата. Ваков перформанс, поточно мјузикл со наслов „Преку различностите ги спознаваме сличностите“ изведоа учениците на ООУ „Васил Главинов“ во рамките на одбележувањето на патрониот празник. Него го режираше актерката Весна Димитровска Бобевски. 

 

Од голем творечки порив, вредно собран материјал и забележан на 338 страни, во цели две години и посветен на родниот Дебар се состои книгата на просветникот работник Ѓорѓи Илиевски со наслов „Дебар и дебарско низ историјата“. Тоа е дело што на читателот му дава можност да ја прочита историската репортажа составена од историски процеси и промени како што се Османлискиот период, Преродбенското движење, Македонското револуционерно националноослободително движење, како и промените и процесите што се случувале во овој град во западна Македонија. Во него авторот се осврнува на секојдневниот живот на граѓаните, особено на духовниот како и на просветните состојби и на печалбарството како специфично обележје.

Во годината кога го одбележуваат пет годишниот јубилеј, остварувајќи ја својата мисија за преродба на духовен план и на духовната музика во Велес, на градот му донесоа уште една вредна награда дваесет и шесте членовите на Црковно младинскиот хор „Свети Кирил и Методиј“. Во силна конкуренција на хорови кои негуваат духовна музика тие ја освоија втората награда на натпреварот на црковни хорови во градот Гродну, во Белорусија. Иако хорот има смена на генерации, на тамошниот реномиран хорски натпревар и во конкуренција на академски музички хорови сепак беа на чекор зад првопласираниот хор од Академијата „Михаи Глинка“ од Украина.

Ланската година, на денот на чествувањето на делото на Коста Солев Рацин, на Спомен Костурницата ми пријде еден непознат гостин, учесник на Рациновите средби и ми постави едно, за мене деликатно прашање, има ли тука да се види и прочита кои борци почиваат во Спомен костурницата?
Малку резервирано му споменав дека надвор, пред влезот имаше табли со имињата на сите борци од Велес и велешко, загинати во НОБ, но поради чистење се моментално одстранети. Човекот заврте со главата , а мене ме остави во мисла, навистина , ја реконструиравме Спомен Костурницата, ама добронамерниците не можат да прочитаат никаде кои луѓе и чии коски почиваат во нејзе. 

Велес како град постојано бил расадник на уметници, сликари, копаничари, уметници и фотографи и имал сенс да ги препознава и поддржува уметничките вредности како и уметниците кои се родиле или твореле во него. Ова е приказна за еден сликар, фотограф, копаничар и фрескоживотописец, кој оставил трага не само во велешката туку и на македонската уметничка сцена и е дел од вистинската националната историја.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinetta 2019 300x250px 01

Најново