Велешки театар годинава ќе работи четири претстави финансирани од министерството за култура. Тоа ќе бидат претставите „Тирамису“ - на полската авторка Јоана Овшианко во режија на Софија Ристевска, „Театар, љубов моја!“ на бугарскиот автор Валери Петров во режија на Деан Дамјановски , потоа „Синиот портокал“ на британскиот автор Џо Пенхол во режија на Александар Ивановски и „Песни за татковината“ - авторски проект на актерот Петар Темелковски посветен на Никола Јонков Вапцаров.

Од овие двајца наши сограѓани Петар Марков Маруш – гитарист и Благој Ламњов Ламјата – кларинетист е составено новото музичко дуо Two Macedonians што во превод значи „Двајца Македонци“.  Двајцата велешани деновиве се појавија со промотивна видео изведба со наслов „ Flamenco de Macedonia“. Нивната изведба воодушеви голем број на љубители на социјалните мрежи каде што се чини дека почнаа да ги добиваат своите први фанови. Нивниот број е голем.

Со нови шест книги на брајово писмо се збогати фондот во локалната библиотека Гоце Делчев во Велес и сега вкупно дваесет и седум наслови од различни жанрови им се достапни на слепите лица во градот. Денеска тие беа промовирани во локалната библиотека. Но освен овие книги кои се финансирани од општината, беа промовирани и три аудио книги финансирани од министерството за култура.

Од скулптури на Ангел Коруновски и платна на Глигор Васков е составена изложбата „Рефлексии на херметичноста“ што синоќа беше отворена во Ликовниот салон во Велес. Делата се генеза, сублимација на денешното време на нив конекција, флуид, идентилно во мислата и интелектуалното, а различни во подрачјата на уметноста.

Поетски перформанс посветен на актуелни велешки поети изведоа членовите на театарската трупа „Словото“ во Велес. Ученици од основни училишта за едно со членовите на балетската група „Црни мачиња“ направија спој на неколку уметности поточно рецитираа стихови на поети, танцуваа и ја воодушевија публиката. Авторката на перформансот, актерката и режисерка,Весна Димитровска Бобевски вели дека групата актери аматери е составена од нови деца но со голем ентузијазам и желба да реализираат едно интересно уметничко дело.

Сите сме нечии трофеи во животот. Кога одиме по пат секој сака да не земе како некаков трофеј и да ја избрише прашината со нас, понекогаш да не остави онака по пат, на полица, но не доживува како трофеј, одговори Бејби Петрушевска на новинарското прашање зошто токму „Трофеј“ е насловот на нејзиниот прв автобиографски роман.

Книгата содржи животна приказна, полна со емоции, во која се раскажуваат психолошки состојби кои и се случиле на авторката но, можат да се случат секому. „Трофеј“ е прирачник кој потсетува кој сме, каде сме и што се може да ни се случи.

Поврзани вести

 

Најново