Роднокрајниот поет Божидар Јовиќ ја освои третата награда на литературниот конкурс „Бдеење на кокоински мугри“ организиран од Друштвото на писатели на Куманово.

Двајцата актери, Панчиќ и Мефаиловски, ги освоија наградите за најдобра машка и женска улога на 10-тото издание на Македонското културно лето во Мала Преспа, Албанија. Театар „Џинот“ таму настапи на 28 и 29 јули со претставите „Театар љубов моја“ и „Синиот портокал“.

Македонскиот документарен филм „Со љубов“, промовиран на најпрестижниот фестивал за документарен филм во светот „Хот докс“ во Торонто во Канада, сега ќе се натпреварува за награда на претстојниот 23. „Саревски филмски фестивал“.

Со претставите „Театар љубов моја“ и „Синиот портокал“, Театар „Џинот“ , на 28 и 29 јули, ќе настапи на 10-тото издание на Македонското културно лето во Мала Преспа, Албанија. Гостувањето е во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“.

Центарот за научна фантастика на Македонија „Визија“ издаде три нови книги. Станува збор за првенецот на Марија Паунова – Мери со наслов “Песни“ како и за монографиите „Живот и дело“ на Ристо Николовски како и за „Амбасада Поети на Светот 2009 - 2013“ на Љубомир Михајловски и Љупчо Захариев.

Во големата сала на Домот на Армијата во Ниш, Република Србија, изминатиот петок на 23 јуни, се оддржа промоција на јубилејниот 20 број на гласилото „Средби“ на Здружението на писатели Чегар од Ниш, Србија. Тоа е традиционален соработник и партнер на Амбасадата Поети на Светот во Македонија. Тоа беше повод за поканата и присуството на македонскиот амбасадор на Поети на Светот во Македонија, Љубомир Михајловски на промоцијата.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново