Сите сме нечии трофеи во животот. Кога одиме по пат секој сака да не земе како некаков трофеј и да ја избрише прашината со нас, понекогаш да не остави онака по пат, на полица, но не доживува како трофеј, одговори Бејби Петрушевска на новинарското прашање зошто токму „Трофеј“ е насловот на нејзиниот прв автобиографски роман.

Книгата содржи животна приказна, полна со емоции, во која се раскажуваат психолошки состојби кои и се случиле на авторката но, можат да се случат секому. „Трофеј“ е прирачник кој потсетува кој сме, каде сме и што се може да ни се случи.

Со две кратки театарски претстави наменети за најмладата публика во недела на четври декември започнува шестото издание на фестивалот за изведбени уметности Импакт во Велес. „Наш мал театар“ од Скопје, на мала сцена, ќе се претстави со претставите „Девојчето со дрвото портокалово кралство“ и „Забранета љубов“ и тие според директорот на фестивалот Александар Ивановски ќе понудат едно специфично и невообичаено сценско доживување на публиката.

Не му било тешко да ги издвои фотографиите, иако низ неговите раце поминале илјадници, со кои ги овековечувал бројните настани од политичкиот и културниот живот во Велес, и да ги вметне во книга. Велешанецот Боре Левков заокружи еден јубилеј од своето долгогодишно работење со фотоапаратот. Пред бројните гости, роднини и пријатели, вчеравечер во ликовниот салон ја промовираше книгата „50 години низ објективот на фотографскиот апарат“. Во книгата Левков вметнал фотографии од настани што во градот се случувале од 1965 година досега.

Режисер на претставата, работена по текст на Карло Голдони, е Јуџел Ертен. Таа се изведува на турски, на албански и на македонски јазик. Во претставата улогите ги толкуваат актерите: Тамер Ибрахим, Несрин Таир, Емине Кадриу, Неат Али, Висар Етеми, Аида Елези, Селпин Керим, Осман Али и Ерман Шабан.

Деветооделенецот Драган Андреевски од Кавадарци ја доби Гран при наградата на литературниот конкурс за четириесет и деветите Детски рацинови средби. Неговата песна е избрана за најдобра меѓу двеста и четиринаесетте литературни творби кои пристигнале на конкурсот на тема „Мојата татковина“. На ликовниот конкурс, на кој се пријавиле шеесет и осум ликовни творби, највисоката награда ја доби ученичката Моника Јовевска од Пехчево.

Четириесетина уметнички дела, создадени на дванаесетата сликарско - копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“, вчеравечер беа изложени во ликовниот салон во Велес, по повод празникот на градот, 9 ноември. Љубителите на ликовната уметност имаат можност да погледнат своевидни дела на дваесетина автори од Русија, Словенија, Србија, Турција, Бугарија и Македонија, кои во август годинава твореа во куќата на Касапови.

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново