Од фотографии на кои е преставена трагичната судбина на Ромите во Унгарија, за време на Втората светска војна, е составена изложбата „Патот на логорите на смртта“ која денеска беше отворена во Ликовниот салон во Велес. Фотографиите потсетуваат на трагичните настани од Холокаустот на Ромите, кои по Евреите во најголем број завршија во логорите на смртта.  27 јануари е светскиот ден на Денот на Ромите кога вообичаено светот се потсетува на шесте милиони Евреи и Роми кои влегоа но никогаш не излегоа од концентрационите логори на смртта на Третиот Рајх. Во тоа време од Унгарија се однесени неколку милиони Евреи и Роми, граѓани на оваа европска држава, чија судбина и по седум децении го трогнува човештвото, рече на отворањето на изложбата амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Јозеф Бенце.

Романот „Љубов на прв поглед“ на седумнаесет годишната велешанка Александра Ѓоргиева ја раскажува приказната за првата младешка љубов, несекојдневна, непрепознатлива што на прв поглед се чини дека ќе заврши уште на самиот почеток. Фабулата е кратка , се вљубиле двајца млади, тој поточно Марко е сиромашно момче додека Ана потекнува од богато семејство е керка на градоначалник, доктор. Љубовта што се развива меѓу нив е огромна и вљубените не можат да си го замислат животот еден без друг но, родителите на Ана не можат да замислат скитникот Марко да им биде зет и затоа ја праќаат нивната ќерка на школување во Англија. Таму принудена да го заборави Ана запознава друг човек, не го сака, но се мажи за него и му раѓа две керки. А Марко упорно ја чека.

Со две претстави со античка тематика „Медеа“ и „Жени во подземјето“ на шести февруари започнува дводневниот театарско-музичкиот фестивал во театарот во Велес. Организатор на фестивалот е ФАД Стоби од македонска и организацијата за култура „Преспа“ од Лерин и организацијата за родова еднаквост од Атина од грчка страна. На шести февруари премиерно ќе биде изведена претставата „Медеа“ во режија на Ненад Витанов, а на седми „Жени во подземјето“ во режија на Александар Цветановски. Фестивалот завршува вечерта со концерт на групата „Фолтин“

Откако го заврши својот работен стаж како просветен инспектор во општина Велес и по неколку објавени книги од областа на образованието и голем број стручни педагошки и публицистички текстови, Божидар Јовиќ продолжи да пишува. Поезијата е сега неговата најголема љубов од литературата. Неговата прва збирка поезија „Расцутување“, издадена пред две години, деновиве се најде во зборникот на македонска книготека. Во стихозбирката се содржани 70 песни во кои Јовиќ ја обработува вечната тема на младоста, љубовта и природата. Како инспирација му послужиле неговите средношколски и студентски години, а токму затоа стихозбирката ја наменува за младите од 18 до 20 години.

За границите што го делат нормалното од лудилото и за судбината на една надпросечно интелегентна жена која ја фрла во канџите на абнормалното, станува збор во најновото прозно дело на светиниколчанката Весела Димова „Кога Боговите умираат“ Централниот и единствен лик во романот е Јана Јадовна, исклучително мудра и надарена жена, писател и студент со положен правопсуден испит. Во романот писателката ја опишува горчливата вистина дека многу полуди шетаат слободно и прават кариери, додека вистинската интелегенцијата се затвора и се држи во заточеништво. Во рецензијата на писателот Венко Андоновски за романот на Весела стои дека „лудилото“ е многупати на чекор од генијалното и токму затоа е жигосано. И дека тоа е невиното заробено од гнасни души. Андоновски исто така ќе напише дека луѓето полудуваат од љубовна бол или од неправдите на општеството.

Нема повеќе да прокиснува покривот и да тече вода во Спомен Костурницата во Велес. Поставена е соодветна изолација на кровната конструкција и надворешниот дел на споменикот. Целосно е санирана и внатрешноста на објектот а реконструиран е и мозаикот на Петар Мазев. Со четири и пол милиони денари, пари од министертсвото за култура, завршена е реконструкцијата на ова спомен обележје на градот. Увид во завршените работи на Kостурницата денеска направи министерката за клултура Елизабета Канческа Милевска, за едно со директорот на Конзерваторскиот центар Мемет Селманми. Внатрешноста на Костурницата ќе ја красат уште четири скулптури на Станко Павлевски, за чија санација пари ќе издвои министерството за култура.

Поврзани вести

 

Најново