Балетско студио Анабела учествуваше на два големи натпревари што се одржаа во Македонска опера и балет поточно на Светско првенство во модерни танци „WADF – World artistic dance federation“ и Меѓународен натпревар на „IDO –International dance organization - DANCE OFF“. И на двата натпревари конкуренцијата беше голема, поточно на првиот учествуваа натпреварувачки од 16 држави од светот додека на вториот над 4.200 учесници од 21 држави од Европа.
Ученичката во VII одделение во Лина Продановска ОУ „Св.Кирил и Методиј“ од Битола е годинешна добитничка на првата награда во категоријата за VI и VII одделение на поетскиот конкурс : „Рацин, вчера, денес и утре“ распишан од страна на културната манифестација Детски Рацинови средби.
Велес денеска, вторник 6 ноември и во среда на 7 ноември, ќе биде домаќин на педесет и првата литературно поетска детска манифестација посветена на великанот Коста Солев Рацин. Над 300 ученици и добитници на награди од основните и средните училишта од Велес и Република Македонија ќе бидат учесници на годинешната културна манифестација.
На големата сцена во театарот “ЈХК-Џинот” во Велес денеска напладне премиерно биде изведена претставата за деца “Златната рипка”.
Во чест на 100 годишнината од раѓањето на бардот на македонската изворна песна Никола Бадев Кавадарци синоќа отвори спомен соба. Поставена е во новиот музеј, а во неа се презентирани голем број на предмети.
Стрип Центарот на Македонија, со седиште во Велес пред љубителите на овој вид уметност, во Охрид, Ресен и Струга, ги изложи наградените стрипови од последниот Интернационален стрип салон во Велес како и стрип делата на македонски стрип автори од нивниот повеќегодишен опус.