Велешанецот Томе Трајков, проект координатор во Стрип центар на Македонија е добитник на овогодинешното Признание за развој и афирмација на македонскиот стрип , што го носи иметео на прерано починатиот бард на македонската стрип сцена Љупчо Филипов.. Доделувањето на ова признание е составен дел од активностите во склоп на Меѓународниот стрип салон ,што се одржува секоја година во средината на октомври во Велес. Стрип центарот на Македонија - Велес како организатор на целокупната манифестација, ова признание го наменува за заслужни домашни дејци за развојот и афирмацијата на 9-та уметност кај нас.

При крај се истражувањата на археолошкиот локалитет Кале во Велес за годинава, финансирани од министерството за култура. Во текот на изминатите месеци археолозите работеа на јужниот дел на акрополата , а сега се истражува нејзината источна половина. Со досегашните истражувања откриени се делови од објекти лоцирани непосредно до источниот одбранбен бедем кои според археологот Анита Василкова Мидоска веројатно имале воено-логистичка намена имајќи ја во предвид функцијата на акрополата во средновековниот период.

И покрај силниот дожд и лошите услови на патот до Лопушник денеска делегација на манифестацијата „Рацинови средби“ и Општина Велес традиционално го посетија Лопушник, местото на погибјата на поетот и револуционер Кочо Солев Рацин. На граѓаните од неговиот роден град им се приклучија и претставници од гимназијата во Кичево. Тие му оддадоа должна почит на поетот и револуционер, по повод седумдесет и третата годишнина од неговата смрт, со едноминутно молчење, положување на свежо цвеќе и палење на свеќи.

„Наградата „Рациново признание“ не е награда што ја доделува некое жири, на институција туку е награда на самиот Рацин, неговата награда.“ Со овие зборови, синоќа, во големата сала на велешки театар го започна своето емотивно и стручно обраќање кон присутните гости проф д-р Јелена Лужина во името на жири комисијата која годинава го додели највисокото признание „Рациновото признание 2016“ на меѓународната културна манифестација „53 Рацинови средби“. Таа додаде дека тројцата членови на жири комисијата, кои се чувствуваат како говорници, застапувачи, бранители на поетичката догма на Коста Солев Рацин што секогаш во естетичка смисла беше тангенцијална, радикална и иновативна, токму поради тоа внимателно ги прочитале 17-сетте пристигнати книги на распишаниот конкурс и одлучиле по 46-ти пат највисоката поетска награда во Македонија да им ја доделат на Сашо Димовски за романот „Петотот годишно време“ и на Владимир Јанковски за романот „Невидливи љубови“.

Вториот ден од одбележувањето на Рациновите средби во Велес започна со промоција на стихозбирката „Сјај и страв и песни“ на Даница Ивановска Лепојевиќ, наградена со „Антологија на болката“. Промоцијата се одржа во малата сцена на тетарот Џинот, а промотори беа Ана Костовска од „Култура“, поетот Елена Пренџова и писателката катерина Момева. Авторката на стихозбирката видно возбудена ги примаше честитките од гостите и не ја криеше радоста и честа што токму таа ја добива наградата насловена со најубавата љубовна поезија.

Стихови на познати македонски поети се читаа денеска во градската библиотека Гоце Делчев во Велес. Дваесет поети, членови на Друштвото на писатели на Македонија беа дел од поетскиот караван што го посети и Велес. Повод за литературната средба е 73 годишнината од погибјето на еден од најголемите македонски поети Коста Солев Рацин. На средбата беа присутни писатели од повеќе генерации а почесен гостин беше и конзулот на Монголија во Р.Македонија Литов Намдагјанчивин.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

PITIJADAVELES1

Најново