5.07.2020
Околу двеста посетители во стотина возила паркирани на паркингот пред супермаркетот Кит-Го,вчера вечер, беа дојдени да го изгледаат филмот Судар (Collide) во рамките на културниот настан Drive In Cinema кино на отворено во Велес. Тие создадоа неверојатна глетка што претходно повозрасните граѓани раскажуваат дека ја гледале на филм.
3.07.2020
Организацискиот Одбор на 57. меѓународна културна манифестација „Рацинови Средби” ја одржала втората седница, на која биле разменити мислења во врска со програмските активности, начинот на реализација и новиот концепт на одржување на манифестацијата во услови на коронавирус.
3.07.2020
Муралот ќе биде долг 86 метри и висок 2,5 метри. На фотографијата е преставен изгледот на муралот што ќе го работат, како дел од проект на Европска Унија, ликовни уметници и членови на граѓанско здружение „Факултет за работи што не се учат“ од Скопје. Советот на Општина Велес донел одлука и комисија од академски ликовни уметници на нивното здружение во Велес со Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски го одобриле идејното решение.
11.06.2020
Организацискиот одбор на културната манифестација „Рацинови средби“ го објави конкурсот за доделување на наградата „Рациново признание“ . Наградата се доделува за прозни, литературни остварувања на автори од Република Северна Македонија објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.
7.05.2020
Проектот што е производ на културата во време на физичка изолација, единствен од својот вид, настанат преку вмрежување на интернет платформите и перформативноста, вака го најавува својот нов проект „Тој и таа“, Театар „Јодан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес .
20.04.2020
Отсекогаш се слушала музика по сокаците, на веселбите, во кафеаните и рестораните со што Велес секогаш живеел за музиката. До Уриетот, во Велес, постоела турска воена музика, поточно оркестар кој бил дел од турскиот гарнизон и одржувал концерти во касарната или во „Ада Кафези“. На музичкиот репертоар на оркестарот биле турски маршеви, турски песни и други познати мелодии.