Академскиот вајар Стојче Тоциновски и академската сликарка Емилија Тоциновски освен што творат заедно се и брачни другари. Нивните уметнички дела, изработени со акрил на платно, се дел од изложбата во Ликовниот салон насловена како „Метафора на постоењето“. Останатите уметнички дела се на два пара брачни другари од Полска и на уште еден полски уметник. Станува збор за интернационална групна изложба која од останатите се разликува по тоа што ја сочинуваат брачни другари.

По две проекции на филмовите „Татко“ и „Три дена во септември' ќе се одржат во велешкиот театар. Филмот „Татко“ ќе се прикаже на 23 и 24 февруари, додека вториот на 26 и 27 месецов.

Над триесетина поетски творби од роднокрајни писатели се впишани во новиот зборник „Велешки поетски пулсирања 2015“, што вчеравечер беше промовиран пред велешката јавност. Промоцијата на зборникот е уште еден документ кој го потвдрува фактот дека Велес и понатаму е центар на културата, традицијата и македонскиот непокор по кој се препознаваме и идентификуваме.

Дваесет и шест  уметнички дела на деветмина графичари, вчеравечер беа изложени во Ликовниот салон во Велес.  Графиките изработени во повеќе техники се дел од  биеналната изложба  „Кумановски графичари“, што ја организира Центарот за култура од Куманово .  Дел од графиките се во боја  и тоа на графички уметници  од повеќе генерации  од Куманово.

Стотици книги за сечиј вкус и за сечиј џеб се изложени за продажба на Саемот на книга во локалната библиотека Гоце Делчев. Пет издавачки куќи се застапени на овогодинешниот саем, Култура, Наша култура, Едука мак, Македоника литера и Феникс. Овие издавачки куќи нудат најразлични жанрови, од актуелни бестселери до стручна литература. Во наредните седум дена велешани ќе имаат можност да си го купат омилениот наслов и тоа со саемски попуст.

Дне­вниот вес­ник „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ денеска ќе ја додели наградата „Лич­ност на го­ди­на­та“ за 2015 година. Меѓу лауреатите Ни­ко­ла Ма­џи­ров, Бла­гој На­цо­ски,  Гли­гор Цве­та­нов, Ду­ке Бо­ја­џи­ев, Кри­сти­јан Да­ни­лов­ски, Евге­ниј Поп Ацев и Ки­рил Ла­за­ров е и велешанката Ленче Здравкин. Жената што стана препознатлива по хуманоста со која подеднакво им помага на своите сограѓани како и на бегалците од Блискиот Исток на патот кон европските земји има силна конкуренција помеѓу седуммината номинирани мажи.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново