Актерите од театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес вечер премиерно ќе ја изведат комедијата „Вдовицата се мажи“, работена според „Мечка“ на А.П.Чехов во режија и адаптација на Младен Крстевски.
Во претставата настапуваат актерите Марина Поп-Панкова како Попова, Васил Зафирчев како Смирноф и Младен Крстевски како Лука.

Колектив Ветерница со танцовата претстава „Ова не е сон“ во рамките на Новиот културен бран ќе се прикаже во сабота на 2 декември во театарот Јордан Хаџи Константинов - Џинот во Велес.  Перформансот е резултат на работата во рамките на редовните часови по танцов театар со деца од 6 до 12 години.

Преку јавни дебати се гради нова четириодишна Национална стратегија за културен развој. Денеска по овој документ на министерството за култура се дебатираше во Кавадарци со сите засегнати страни.

Ни година од животот без објавена книга. Со оваа констатација го започна драматургот Сашо Димовски интервјуто со професор Катица Ќулавкова на вечерта со нејзината поезија организирана од театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Во фоајето на велешки театар пред почитувачите на поезијата Димовски констатацијата ја поткрепи со аргументи од големиот творечки опус на професор Кулавкова како што се: четири децении од првата објавена книга, 13 поетски стихозбирки, три поетски избори, две книги раскази, една поетска драма, но и 15 книги книжевна теорија есеистика и критика, десеттина различни книги исцело преведени и објавени на други јазици, триесеттина преведени книги од областа на книжевната наука и теоријата на книжевноста , десеттина антологии и избори итн.

Поголема афирмација и промоцијата на поезијата како род што во последно време е се помалку застапен не само на сцените, на сценскоизведбените уметности туку и воопшто во јавноста го поттикна велешки театар еднаш месечно да организира вечер на поезијата на роднокрајни поети. 

Книгата „Бричење на петелот“ содржи илустрирани еротски афоризми. Афоризмите ги собрал Димитар Вилазорски додека илустрациите со цртежи се на македонскиот карикатурист Јован Поп Илиев. Издавањето на книгата се совпаѓа со пет деценискиот творечки љубилеј на Поп Илиев. Она на што посветено пристапил во изминатите неколку месеци познатиот велешанец Вилазорски, на промоцијата што се случи во понеделникот вечерта, рече:

Поврзани вести

 

Најново