Од 13 графики на исто толку уметници е составена изложбата „Кумановски графичари 2018 година што синоќа, среда 13 март, беше отворена во Ликовниот салон во Велес. Делата се дел од опусот од осмото издание на веќе традиционалната изложба во организација на НУ„Трајко Прокопиев“ од Куманово. Станува збор за дела кои се дел од проект со стремеж да овозможи континуитет во презентирањето на најновото графичко творештво во Куманово.
Стрип центарот на Македонија – Велес и градот Скопје отвораат јавен повика за стрип автори на традиционалниот стрип конкурс „Стрип фестивал-Скопска стрип акција“.
Во Археолошкиот локалитет „Била Зора“ кој е единствен локалитет во државата, бидејќи ја претставува пајонската култура и во него нема римско влијание, му треба итна помош. Археолозите кои во него открија основи, поточно темели, на Владетелска палата во чија внатрешност има фрески, боен малтер или внатрешна фасада на отворените објекти, бараат начин и можност како да ја продолжат истражувачката работа и да обезбедат финансиски средства. Тие првично со помош од министерството за клутура, Заводот за заштита на културни споменици и Завод Музеј од Штип подготвија проект за конзервација и заштита на Владетелската палата па сега е многу значајно поради екстремните надворешни влијанија и материјалот од кои што е изградена брзо да се разградува.
Народниот музеј , пред половина година вети и вчеравечер, 13 февруари, во Ликовниот салон во Велес ја отвори Изложбата Јапонскиот лебдечки свет - Ukiyo-e. Присутните љубители на ликовната уметност имаа исклучителната можност да се запознаат со еден од најкарактеристични правци во уметноста на Јапонија.
Општина Велес изрази разочарување од распределбата на државните пари во културата. Велес, како примат на град во македонската култура помина многу лошо во распределбата на средствата од Програмата за 2019 година на Министерството за култура. Градоначалникот Аце Коцевски на прес конференција соопшти дека бил разочаран од фактот што „Рациновите средби“ добија финансиска поддршка од 105 илјади денари а ниту денар нема да добие Фестивалот на античка драма „Стоби“.
Почитувани, oд името на Стрип центар на Македонија со седиште во Велес ја поздравувамe Вашата одлука за ревизија на Годишната програма за култура за 2019 г . Бидејки нашите забелешки ги сметаме за принципиелни а се во интерес за развој на 9-та уметност кај нас ,истите ќе ги елаборираме: