Artrid fin

10.07.2020

Пишува: Ардит Рамадани

Рецензираната вест најпрво се објави на порталот “Pa censurë (Без цензура)” а потоа ја објавија и голем број на медиуми, кои во јавноста претежно се познати како мегафон на една одредена политичка партија. Во оваа вест има генерализирање на изјавата на еден поединец, и на овој начин, преку сензационалистички наслови, се манипулира со јавноста.

Ubavka fin

9.07.2020

Пишува: Убавка Јаневска

Рецензираме текст со наслов „Мигранти влегуваат кога и колку сакаат, Спасовски тера кампања! Во написот се тврди дека мигрантите влегуваат во земјава кога и како сакаат, а ова се темели на еден видео материјал. Проблематичниот аспект е во тоа што одговорноста за мигрантите не се бара во институцијата задолжена да го контролира влезот и излезот од државата на странци, туку од техничкиот премиер Спасовски. Уште попроблематично е што написот е искористен за да се напомене дека Спасовски тера кампања, со што се добива впечаток дека тој наместо да врши работи од негови ингеренции е фокусиран на партиски дејства.

taci fin

9.7.2020

Пишува: Жаклина Цветковска

На порталот infomax.mk објавен е текст со наслов„ Лаже кај стигне:Заев му ветил на Тачи дека ДУИ нема да ја земе во Влада“, во кој е пренесена изјава на претседателот на ДПА, дадена во интервју за ТВ 21, во која тој информира дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев му ветил оти доколку дојде до ситуација да формира влада нема да го вкучи во неа досегашниот партнер ДУИ.

sonja rilkovska fin

9.07. 2020

Пишува: Соња Рилковска

Рецензирме вест објавена на порталот In7, на 08.07.2020 под наслов „ Ако не дојдете на митингот, ние ќе преземеме мерки “- шефот на Кабинетот на Мерко им се заканува на административците“. Во самиот наслов изнесени се експлицитни обвинувања на адреса на шефот на кабинетот на градоначалалникот на Струга, Дашмир Насуфи, без да се побара став од него.

Shefkije1

8.07.2020

Пишува: Шефкије Аласани

Рецензираниот напис е објавен на порталот Актуале, на 7 јули, со наслов: Дали и Села ќе вика: Амелика, Амелика, Амелика. Во Вистиномер многу пати е нагласено дека треба да се известува на правилен и професионален начин, посебно за време на една предизборна кампања, но сепак овој основен принцип на новинарството продолжува да не се почитува. Насловот на рецензираниот напис е тенденциозен и нема никаква конкретна поврзаност со содржината на написот. Во насловот се претпоставува дека во иднина и лидерот на Алијансата за албанците, Зиадин Села, ќе зборува на ист начин како и лидерот на Самоопределување, Албин Курти. Насловот на овој напис, без било каква логична поврзаност е поврзан со една изјава на Курти, каде тој вели:

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново