8.07.2020
Пишува: Соња Рилковска
Рецензираме вест објавена на порталот Охрид 24 , на 5 јули , под наслов „ (ФОТО) Докторите и специјализантите од охридските здравствени установи изманипулирани и искористени за пиар на Венко Филипче и власта на СДСМ?“.
8.07.2020
Пишува Билјана Димко
Написот „Дали во Битола се тргува со работни места за гласови?“се темели на текст односно список од непознат автор. Главната проблематичност на овој документ е во тоа што не е веродостоен. Овој текст ја има за извор цитирано објавата на Твитер од Битолски сеир, каде е објавена фотографија којашто содржи текст каде пишува дека актуелната министерка за одбрана и носителка на листа во ИЕ5 , Радмила Шекеринска на 5 јули треба да оствари средба заедно со Соња Карапец, Синиша Матевски и Ице Дамјановски со наводно гласачи на СДСМ кои не се вработени и бараат СДСМ да ги вработи.
8.07.2020
Пишува Ване Трајков
Објавената информација со наслов ,, Дали ДИЗ функционира како партиска испостава на СДСМ: По директни усни наредби на активисти на СДСМ се казнуваат откупувачи !’’ обвинува за функционирањето на Државниот инспекторат за земјоделие и погрешно ја толкува интерната коресподенција во ова институција насочена кон планот и програмата за работа со тековна динамика. Паралелно се користат и низа констатации во обид да наметне мислење кај читателите, дека инспекторите работата по налог на Зоран Заев и СДСМ без да приложи соодветни докази, изјави или ставови, посебно од именуваните тројца инспектори. Инспекторите во делокругот на своите работни задолженија имаат и овластување да казнуваат.
7.07.2020
Пишува Ване Трајков
Во написот ,, Љупчо Николовски: После 15 ти кога ќе изгубиме ќе станам тезгар како мојот шеф Зоран Заев’’ се врши обид за дискредитација на личност која е дирекнто вклучена во парламентарните избори. Без ниту еден извор, изјава или став, авторот на текстот користи само фотографии и констатации а со дадениот наслов се добива впечаток дека станува збор за лично дадена изјава од екс министерот Николовски и кандидат за пратеник.
6.07.2020
Пишува: Весна Коловска
Серија различни текстови во прилог на иста видео снимка се појавија на повеќе дигитални медиуми, на кои заеднички именител им е констатирање и коментирање, со инсинуирање на вмешаноста на Радмина Шекеринска, актуелната министерка за одбрана и носистел на листата во Изборната единица број пет, од коалицијата „Можеме“.
6.07.2020
Пишува Ване Трајков
Рецензираме текст со наслов ,,Фетаи и Бубевски позитивни на корона?’’ во кој што е пласирана непроверена информација која само инсиунира, без да има во неа официјални изјави од споменатите личности ниту пак од било каква официјална институција која е одговорна за следење на ширењето на ковид-19 или од Јавното обвинителство каде работат споменатите. Првата и основна цел на новинарството е проверената информација.