Дваесет и шест годишната Е.К се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајката што ноќеска се случила на главната улица „Благој Ѓорев“. Девојката е примена на хирушкото одделение во Болницата во Велес од каде поради сериозноста на повредите е транспортирана на скопските клиники.

Дваесет и едногодишниот скопјанец И.И бил нападнат од засега непознато лице, во неделата вечерта,околу 19 часот, кога излегол од соблекувалната на градскиот базен во Велес. Него напаѓачот го удрил по главата со стаклено шише. 

По формирањето на ФНР Југославија како и создавањето на Република Македонија во 1945 година , веднаш по Првото заседание на АСНОМ, донесена е одлука за формирање и почнување со работа на голем број институции. Според податоците на Државниот архив на Република Македонија одделението во Велес, во 1945 година, биле формирани Околиски, Окружен и Општински суд. Еден бил сместен во куќа во близина на Епрахијата, а другите во простории на тогашната општина.

Дваесет годишниот М.Р од населбата Горно Оризари влегол во маркет во градот и со тупаници и клоци се пресметал со продавачката М.З. Тој упатил и закани кон жената и во еден момент ја зграбил за коса и ја влечел додека во маркетот пазареле други жени а биле присутни уште две колешки на продавачката. Нападот се случил пред пет дена околу 18 и 30 часот во „Алфа маркетот“ на ул.„Димитар.Влахов“ бр.49 во Велес, соопшти полицијата.

Се судрија грчко патничко возило и струмички камион синоќа на автопатот Велес - Скопје. Во несреќата нема повредени патници туку е причинета поголема материјална штета поточно целосно е хаварисан автомобилот на странецот.

Само 20 сантиметри вода имало во речното корито на Вардар на мерното место во Велес на 11 јули годинава. Оваа информација ја содржи седмичниот извештај за хидролошката состојба испратена до службата за известување во градот од Управата за хидрометеролошки работи. Тој извештај е последен и на него се повика дежурниот работник на телефонскиот број 195. И денеска како и пред седум дена нема драстична разлика во нивото на Вардар во централното градско подрачје во Велес.

Поврзани вести

Најново