Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

sasovelkovski fin

Осум години по раскинувањето на договорот за јавно-приватно партнерство за уличното осветлување преку извршно решение фирмата „Сити лајт“ од Струга на 10 февруари повлекла од сметката на Општина Свети Николе 210.000 евра. Оваа информација денеска ја соопшти градоначалникот, Сашо Велковски. Станува збор за договор за јавно-приватно партнерство за реконструкција и модернизација на осветлувањето на градот што градоначалникот на општината Роберт Ѓеоргиев го склучил во септември 2012 година а една година подоцна во август 2013 година го раскинал новиот градоначалник Зоран Тасев додека Советот потврдил во месец октомври 2013 година.  

-Осум години подоцна, по долги судски процедури, фирмата Сити лајт со извршно решение наплати над 100.000 евра за извршената работа пред раскинување на договорот, дополнителни над 100.000 евра за камати и судски трошоци за постапката од 10.000 евра. Голготата на оваа општина не запира тука, туку некогашниот партнер, Сити лајт бара уште 42 милиони денари, односно над 660.000 евра за периодот од раскинување на договорот до сега, бидејќи Апелациониот суд одлучил во нивна корист, рече Велковски.

Градоначалникот додаде дека наплатата на средствата општината од ликвидна ќе ја направат една од десеттината блокирани општини во земајва, без шанса наскоро да се одблокира.

-Со тоа, сите планирани проекти за оваа 2020 година, која ја сметавме за година на капитални инвестиции ќе паднат во вода. Нема да можеме да изградиме ни метар водовод и канализација, ни метар асфалт, а неможе да стане збор за Градски базен, спортска сала кај гимназијата за што пари обезбедивме од сопствени приходи, поточно од концесија на земјоделско земјиште, продажба на градежно земјиште и слично, додаде Велковски.

faktura fin

Општина Свети Николе сега ги користи сите редовни и вонредни правни лекови за да може да ги корегира несовесните одлуки на претходните градоначалници. За конкретниот случај поднесена е ревизија како вонреден правен лек до Врховниот суд и се води пред Виш Управен суд постапка по жалба за раскинување на договорот за јавно приватно партнерство со фирмата Сити лајт. Според Велковски неопходна е брза разрешница од судската власт.

Поранешниот градоначалник на Свети Николе, Зоран Тасев кој го раскинал договорот со фирмата Сити лајт од Струга смета дека одлуката за раскинување на договорот и тој и советниците во Советот ја донеле поради штетноста што се состоела во високите цени, една светилка чинела над 900 евра, но и затоа што како резултат на големите поплави во тој период тие констатирале нестручно поврзување на светилките, потврден од стручниот надзор и мислење што го добиле од ЕВН.

-Во самиот договор има член во кој се вели дека сијалиците се со рок од траeње од 40.000 часови. Тоа е десет години, а договорот е на 13 години. Тоа значеше дека Општина Свети Николе по десет години повторно сама да си купува сијалици, а да продолжи приватно јавно партнерство. ЕВН исто така не извести и за одредени проблеми во поврзувањето што се појавија на терен, вели Тасев.

Екс градоначалникот соопшти дека за време на примпоредавањето на функцијата го информирал Велковски  за судската одлука во корист на општината поврзана со случајот „Сити лајт“./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен состав се донесоа следниве заклучоци:

  • За спроведувањето и реализацијата на препораките за ограничено движење на граѓаните на јавните места и во институциите, Општина Велес ќе ја известува јавноста преку официјалната интернет страница, преку официјалните социјални мрежи, како и преку електронските и пишани локални медиуми;
  • Поради неисправноста на водата во село Сопот за потребите на жителите од село Сопот, Општина Велес обезбедува достава на канистер со вода за техничка употреба и флаширана вода за пиење.

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Предложената мерка, Малиот пазар во „Нова населба”,
да остане затворен за работа, останува во сила;
- ЈКП „Дервен” да донесе Одлука во врска со работењето
на Градскиот пазар да работи секој ден, од 06:00 до
13:00 часот;
- Да се ограничи продажбата исклучиво само на
земјоделски производи (овошје, зеленчук и други
прехрамбени производи);
- Прехрамбените производи да бидат изложени на секоја
втора тезга во редот;
- Да се изврши оградување на паркинг просторот надвор
од пазарот, да не се дозволува продажба на производи;
- Да се регулира влегувањето и излегувањето на
посетителите во пазарот, со два влезови;
- Пред влезовите да се забележи влегувањето преку
двајца редари и да се внимава на физичикото
растојание при влегувањето;
- Задолжително носење на заштита опрема (маски и
ракавици) на продавачите;
- На влезовите да биде поставено средство за
дезинфицирање и маски за потребите на купувачите;
- Местото на продажба на производи од ист вид, се
утврдува од раководителот на ЈП Пазари при
доделувањето на тезгата за продажба;
- ЈКП „Дервен” се задолжува преку јасно видливо
известување до граѓаните да го определи
времетраењето на задржување на купувачот во пазарот;

- По препораки на Светската Здравствена Организација
(СЗО) ЈКП „Дервен” од денес врши зголемување на
нивото на хлор во водоснабдителниот систем по 0,5 ml/L
милиграми на литар резидуален хлор во градскиот
водоснабдителен систем;
- Согласно Оперативниот план за дезинфицирање се
задолжува ЈКП „Дервен” да спроведе дезинфицирање на
на детските забавни паркови, спортските терени,
патеката околу езерото „Младост” и други јавни
површини во градот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се задолжуваат мобилните тимови на МВР – СВР Велес
на двата пунктови при влезот во град Велес, одредени
на улиците „Вардарска” и „Димитар Влахов”, да вршат
редовна контрола на физичката состојба на учесниците
во сообраќајот, како и дезинфенкција на возилата;
- Се задолжува МВР – СВР Велес да одреди тимови кои
ќе вршат контрола на движењето на граѓаните кон езеро
„Младост”;
- МВР одредува една патрола со двајца униформирани
полицајци за воведување на ред на влезовите на
пазарот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се упатуваат управителите на згради, претседателите
или претставници на куќните совети на станбените
згради, да стапат во контакт со Центарот за јавно здравје
со цел добивање конкретни информации за начинот на
употреба на средства за дезинфицирање на зедничките
простории, телефон за контакт: 078 246 729.

 

 

 

 
   
   
   
   

Најново