Уште еднаш се обединија жителите на Свети Николе во разубавување на градот и масовно излегоа на повеќе локации за да се вклучат во иницијативата „Мрдни со Прст“. Во вториот циклус на акцијата градот се разубавуваше нa четири локации СОУ „Кочо Рацин“, Плоштад „Илинден“, Црква „Свети Николај“ и ООУ „Кирил и Методиј“. Граѓаните практикувајќи го волонтерството ги уредија четирите простори и ги подобрија условите за живот во локалната заедница.

Со впишување на прекувремени работни часови Командирот на територијалната противпожарна единица во Свети Николе педесет и две годишниот З.Т. го оштетил буџетот на Општината со 5.232 евра или за 321.804 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(44) од Свети Николе за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“, против ДПТУ „Еуродрво“ ДООЕЛ Скопје, А.П.(54) од Скопје и С.Д.(55) од Штип, за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Организацијата на жени на Општина Свети Николе повторно започнува со размрдани прсти во циклусот на „Мрдни со Прст 2“. Активистките овој пат ќе ја подигaат свеста за правилно сортирање на електричниот и електронскиот отпад. Целта е преку оваа кампања да се едуцираат граѓаните во Свети Николе и во Лозово за правилно менаџирање на електричниот и електронскиот отпад, неговите штетни влијанија и законските регулативи и со тоа да си го заштитат сопственото здравје но и животната средина.

Илјада осумстотини деведесет и шест евидентирани граѓани на Општина Свети Николе од вкупно 14.878 во Единствениот Избирачки список гласале до 10 часот, соопшти Претседателот на ОИК Свети Николе, Јонче Стојанов. Тоа изнесува 13% од вкупниот број на избирачи. Светиниколци денеска, на шестите локални избори, гласаат на 34 избирачки места. Изборот за нов Градоначалник и за нов состав на Советот на општината го прават на две избирачки ливчиња на кои имаат двајца кандидати за Градоначалник и две листи со кандидати за Совет на општината.

Нема жртви во големиот пожар што денеска избувна во светиниколската млекарница „Николови“. Огнот избувнал претпладнево, околу 9 часот, кога вработените заминувале на пауза за појадок. Очевидци велат дека материјалната штета е многу голема.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново